Авантура (жанр)
Книжевност |
---|
Основни облици
|
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Авантура, авантуристички жанр или авантиристички роман, е фикција (измислен расказ/ приказна) која најчесто вклучува патешествија или настани кои се испреплетени со опасност, или пак му создаваат на читателот чувство на возбуда.
Историја
[уреди | уреди извор]Во воведот на „Енциклопедија на авантуристичката фикција“, Дон Дамаса го дефинира жанрот како:
Авантура е настан или серија настани кои се случуваат надвор од обичниот тек на животот на протагонистот, најчесто придружен со опасност, често со физичка акција. Авантуристичкиѕе приказни скоро секогаш се движат брзо, и брзината на дејството е подеднакво важно како карактеризацијата, местото и времето и другите елементи на делото.[1]
Дамаса дополнително тврди дека авантуристичките приказни го ставаат во фокус елементот на опасност. Така, тој илустрира дека романот „Приказна за два града“ на Дикенс е авантуристички бидејќи вклучува опасност во која е вклучен главниот лик, а додека пак романот „Големите исчекувања“ од истиот автор не е авантуристички бидејќи опасноста во која Пип се наоѓа е само инструмент за да се развие приказната.[1]
Авантурата е честа тема во книжевноста уште од раните денови на пишаната фикција. Така, делумно раните романтичарски дела биле авантуристички.
Историјата и настаните ја одржала авантурата како жанр во живот. Од средината на 19 век па навака, кога започнала масовната писменост и книжевност, авантурата станата популарен жанр. Иако не била искористена максимално, авантурата забележала примени во минатото. Така од приказни поврзани со витези и митски суштества, денес вклучува и разузнавачки и технолошки елементи.
Авантурата често се совпаѓа и со другите книжевни жанрови, како на пример воени романи, криминалистички романи, морепловски романи, разузнавачки романи, научна фантастика и фантазија (пример се делата на Џ. Р. Р. Толкин)[2] Сепак, не сите вакви романи се авантури.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 D'Ammassa, Don. Encyclopedia of Adventure Fiction. Facts on File Library of World Literature, Infobase Publishing, 2009 (pp. vii–viii).
- ↑ Pringle, David. The Ultimate Encyclopedia of Fantasy. London, Carlton pp. 33–5
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Развојот на авантурата во книжевноста и животот Архивирано на 27 ноември 2020 г., (англиски)