Јаша Хајфец
Јаша Хајфец (англиски: Jascha Heifetz, руски: Иосиф Рувимович Хейфец; 2 февруари 1901, Вилнус, Литванија - 11 декември 1987, Лос Анџелес, САД) — литванско-американски виолинист, еден од најголемите виртуози на виолина на XX век.
Роден е во еврејско семејјство Вилнус, денешна Литванија, тогаш дел од Руската Империја. Постојат спорности околу годината на неговото раѓање. Неговиот татко бил исто така виолинист. Јаша почнал да свири виолина на својата тригодишна возраст, неговиот татко му бил негов прв учител. На петгодишна возраст почнал да зема часови од Иљја Малкин, поранешен ученик на Леополд Ауер. Јаша бил чудо од дете, својот прв јавен настап го имал на седумгодиша возраст во Ковно, денешен Каунас во Литванија.
Соработувал со пијанистот Артур Рубинштајн и со виолончелистот Г. Пајтогорски.
На 12-годишна возраст, по концертот во Лондон, Фриц Хеслер, во тоа време водечки вилоинист во светот, кога го слушнал Хајфецовиот звук без трошка завидливост на собраните музичари им рекол: „Господа, мислам дека е време да ги оставиме виолините, ова е неповторливо“.
На 16-годишна возраст ја напуштил Литванија и се преселил во САД.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Страница на Јаша Хајфец
- Prominent People - Јаша Хајфец Архивирано на 10 јануари 2008 г.
- Јаша Хајфец Архивирано на 13 август 2007 г. на Sony BMG Masterworks
Оваа статија за музичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|