Прејди на содржината

Village People

Од Википедија — слободната енциклопедија
Village People
Village People во 1978.
Животописни податоци
ПотеклоГринич Вилиџ, Њујорк, САД
Жанрови
Период на активност1977–денес
Издавачи
Мреж. местоvillagepeople.com

Village People ― американска диско група формирана во Њујорк во 1977 година. Групата е позната по костимите и униформите кои нејзините членови ги носеле на настапите во живо и во видео-спотовите и по сугестивните и често двосмислени стихови во нивните песни.

Создавањето на Village People директно му се припишува на францускиот композитор и продуцент Жак Морали, хомосексуалец кој сакал да создаде диско музика која ќе биде ценета од геј заедницата. На Морели, кој во раните 1970-ти продуцирал на низа диско хитови, во 1977 година му пристапил пејачот Виктор Вилис со демо лента. На Морали му се допаднало демото и на Вилис му ја претставил идејата за формирање група.[1] Основачки членови на групата биле Жак Морали, неговиот деловен партнер Анри Белоло и пејачот Виктор Вилис.[2] Името на групата потекнува од просперитетната геј населба Гринич Вилиџ на Менхетен.[3] Морали, користејќи го своето влијание во светот на дискотеките, се погрижил новата група да потпише договор со Casablanca records и набргу потоа Village People го издале нивниот прв албум „Village People“ (1977), со Вилис како единствен член на „групата“.[1]

Албумот станал меѓународен хит, а набрзо групата била многу барана за настапи во живо. Бидејќи Вилис не можел сам да пее, Морали ангажирал тим од танчери и резервни пејачи кои го поддржувале Вилис на сцената. Откако пораснала продажбата на плочи, Морали и Вилис ја увиделе потребата од создавање на постојана група.[4] Тие објавиле оглас во весник на кој пишувало: Се бараат мачо типови: мора да танцуваат и да имаат мустаќи. [5] Глен Хјуз (моторџија), Дејвид Ходо (градежен работник) и Ренди Џонс (каубој) биле меѓу стотиците кои одговориле на огласот.[5] Морали во њујоршки геј бар го запознал Фелипе Роуз и го повикал во групата. Роуз во настапите во живо се облекувал во костим на индијански поглавар. Вилис во групата го повикал и Алекс Брили (кој првично не настапувал во костим, а потоа користел униформа на американски војник). Ликовите биле симболична група на американската мажественост[6] и мачо геј-фантазијата.[7] Денес, Вилис е единствен оригинален член во групата.[8]

Групата брзо стекнала популарност, и објавила неколку светски популарни диско и денс хитови, како: „Macho Man“, „In the Navy“, „Go West“ и „Y.M.C.A.“, кој бил нивен најголем хит. Во март 2020 година, Конгресната библиотека ја опишала песната „Y.M.C.A.“ како „американски феномен“ [9] и ја додала во Националниот регистар за записи, во кој се чуваат аудиоснимки кои се сметаат за „културно, историски или естетски значајни“.[10]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Village People (1977)
  • Macho Man (1978)
  • Cruisin' (1978)
  • Go West (1979)
  • Live and Sleazy (1979)
  • Can't Stop the Music (1980)
  • Renaissance (1981)
  • Fox on the Box (1982)
  • Sex Over the Phone (1985)
  • A Village People Christmas (2018)

Оригинални седум члена

[уреди | уреди извор]
  • Виктор Вилис (полицаец/адмирал/спортист/жиголо/без костим)
  • Фелипе Роуз (Индијанец)
  • Алекс Брили (Војник/без костим)
  • Ли Мутон (моторџија)
  • Марк Муслер (градежен работник)
  • Дејвид Форест (каубој)
  • Питер Вајтхед (без костим)
  1. 1,0 1,1 „Why Do the Village People Dress Like That?“. Today I Found Out (англиски). 2018-03-07. Посетено на 2023-10-26.
  2. „Village People Co-Founder, Songwriter Henri Belolo, Dies“. www.nytimes.com. August 7, 2019. Архивирано од изворникот на August 8, 2019. Посетено на January 15, 2022.
  3. „Review: Gay Sex in the 70s“. KDHX. 2000.
  4. Wikane, Christian John (May 30, 2014). „Under the Hard Hat: An Interview with Village People's David Hodo“. popmatters.com.
  5. 5,0 5,1 Village People, Rolling Stone, Vol. 289, April 19, 1979.
  6. Rabb, John (June 24, 1979). „Macho Comes to Music“. Washington Post.
  7. „Spin Magazine Online: Y.M.C.A. (An Oral History)“. Spin.com. May 27, 2008. Посетено на August 19, 2011.
  8. „Remember The Village People? Here's Where They Are Today“. Distractify.com. January 11, 2020. Посетено на October 17, 2021.
  9. „National Recording Registry Class Produces Ultimate 'Stay at Home' Playlist“. Library of Congress – National Recording Registry. March 25, 2020. Посетено на March 25, 2020.
  10. „The Village People's YMCA is preserved for posterity“. BBC News. March 25, 2020. Посетено на March 25, 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]