The Saturdays
The Saturdays | |
---|---|
Животописни податоци | |
Потекло | Лондон, Велика Британија |
Жанрови | Поп Денс-поп R&B Електропоп |
Период на активност | 2007-сегашност |
Издавачи | Polydor, Fascination, Geffen |
Соработници | S Club 8 Girls Aloud Mini Viva |
Мреж. место | thesaturdays.co.uk |
Членови | |
Уна Хили Моли Кинг Френки Сендфорд Ванеса Вајт Рошел Хјумс |
The Saturdays (во превод саботите) е британско/ирска женска поп група, формирана во јуни 2007 година во Лондон, Велика Британија. Групата е составена од членовите Уна Хили, Моли Кинг, Френки Сендфорд, Ванеса Вајт и Рошел Хјумс (родено име Вајсман). Имаат издадено три студиски албум, два EP и 17 синглови.
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]2007-2009: Создавање, Chasing Lights и The Work Tour
[уреди | уреди извор]The Saturdays е формирана во 2007 година како две од девојките Френки и Рошел биле поранешни членови на групата S Club 8. По создавањето групата потпишува договор со Polydor, а потоа и со Fascination.
Во јули 2008 излегува деби синглот If This Is Love кој го зазема осмото место во Велика Британија. Песната беше издадена од страна на Fascination и Polydor Records на 27 јули 2008 година како водечкиот сингл од албумот Chasing Lights. Песната е придружена со нејзината Б-страна What Am I Gonna Do. Потоа тргнуваат на турнеја со Girls Aloud. Во октомври истата година излегува песната Up и достигнува до петтата позиција во UK Singles Chart, а подоцна излегува на пазарот и деби албумот Chasing Lights. Тој достигнува до деветтата позиција во Велика Британија и е продаден во вкупно 400 илјади копии. Во почетокот на 2009 излегува третиот сингл од албумот, Issues и достигнува до 4-то место во Велика Британија. Пред пролетта 2009 тргнуваат на турнеја (Work Tour), а во март излегува песната Just Can't Get Enough и достигнува до второто место во Велика Британија. Во јуни излегува последниот сингл од албумот Work кој се искачува до 22 место.
2009-2011: Wordshaker и Headlines!
[уреди | уреди извор]Во октомври 2009 се враќаат со песната Forever Is Over и се искачува до второто место во UK Singles Chart. Една недела по издавенето на синглот излегува и вториот студиски албум Wordshaker. Албумот достигна до деветтата позиција, а продадени 100 илјади копии. Во почетокот на 2010 излегува и песната Ego која застанува на деветтата позиција. Во летото на 2010 излегува песната Missing You и се задржува на третата позиција. Една недела по издавањето на песната е издаден и првиот мини-албум Headlines! и има поголем успех од издадените два и достигнува до третата позиција во Велика Британија, а продажбата од него се 200 илјади копии. Есента е издадена песната Higher која достигнува десеттото место. Во почетокот на 2011 тргнуваат на втората турнеја (Headlines Tour).
2011–2012: On Your Radar и Arena Tour
[уреди | уреди извор]Групата почна да работи за третиот студиски албум. Во мај излегува првиот сингл од албумот Notorious и достигнува до осмото место во Велика Британија. Во летото на 2011 излегува видеото на песната All Fired Up, а синглот излегува во почетокот на септември и достигнува до третото место. Во есента излегува видеото на третиот сингл од претстојниот албум My Heart Takes Over, а самиот сингл е издаден во ноември 2011. Песната достигна до 15 место . Во декември групата планира да тргне на третата турнеја (All Fired Up Tour). На 21 ноември излегува третиот студиски албум On Your Radar и достигнува до 23-то место во Велика Британија .
2012-2014: Living For The Weekend и Chasing The Saturdays
[уреди | уреди извор]На 30 март 2012 на BBC Radio 1 во The Chris Moyles Show беше претставен новиот сингл "30 Days", кој излегува на 14 мај. Песната е рангирана на 7 позиција во UK Singles. Во декември истата година излегува следниот сингл "What About Us" кој се искачува до 1 место и е нивниот прв број 1 сингл во Велика Британија. The Saturdays имаат и реалити шоу за нивната група и е наречена Chasing The Saturdays која беше премиерно прикажана на E! каналот на 20 јануари. Со тоа групата ја освои Америка и Chasing The Saturdays беше најгледаното шоу таа недела со 72 илјади гледања. На 28 јуни 2013 година излегува "Gentleman", кој зазема 14-та позиција во британскиот чарт за песни. Следниот сингл се појавува на 4 октомври, а тој е "Disco Love", а на 14, истиот месец излегува четвртиот албум на групата "Living for the Weekend", кој го зазема 10 место во Велика Британија. Петтиот сингл од албумот е Not Giving Up кој достигна до 19 место во Велика Британија.
2014: Greatest Hits Live! и Finest Selection: The Greatest Hits album
[уреди | уреди извор]The Saturdays беа на нивната четврта турнеја Greatest Hits Live! во септември 2014 година и го издадоа албумот "Finest Selection: The Greatest Hits" со сите нивни синглови, заедно со 3 нови песни. Во 2015 година, The Saturdays прават пауза од групата и работат на соло проекти. Ванеса Вајт во 2016 година го издаде својот соло EP "Chapter One". Моли Кинг на 19 август 2016 го издаде деби синглот "Back To You", а Уна Хили во февруари 2017 го издава деби албумот "The Waiting Game".
Дискографија
[уреди | уреди извор]Албуми
[уреди | уреди извор]Студиски албуми:
- „Chasing Lights“ (2008)
- „Wordshaker“ (2009)
- „On Your Radar“ (2011)
- „Living For The Weekend“ (2013)
EPs:
- „iTunes Live: London Festival '09“ (2009)
- „Headlines!“ (2010)
- „Chasing The Saturdays“ (2013)
Видеоалбуми:
- „Headlines! Live From The Hammersmith Apollo“ (2011)
Синглови
[уреди | уреди извор]- "If This Is Love" (2008)
- "Up" (2008)
- "Issues" (2009)
- "Just Can't Get Enough" (2009)
- "Work" (2009)
- "Forever Is Over" (2009)
- "Ego" (2010)
- "Missing You" (2010)
- "Higher" (featuring Flo Rida) (2010)
- "Notorious" (2011)
- "All Fired Up" (2011)
- "My Heart Takes Over" (2011)
- "30 Days" (2012)
- "What About Us" (2013)
- "Gentleman" (2013)
- "Disco Love" (2013)
- "Not Giving Up" (2014)
- "What Are You Waiting For" (2014)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„The Saturdays“ на Ризницата ? |
|