PlayStation 2

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
PlayStation 2
Официјално лого на PlayStation 2
Првичниот дизајн на PlayStation 2
Првичниот дизајн и логото на PlayStation 2.
Производител Sony Computer Entertainment
Семејство на
производот
PlayStation
Вид Конзола за видеоигри
Генерација Шеста генерација (128-битна ера)
Продажна достапност
Продадени Барем 143,8 милиони (до 31 март, 2010) [1][2]
Медиуми ДВД, ЦД
ЦПЕ 64-битен[3][4]Emotion Engine" на 294,912 MHz (првично), 299 MHz (понови модели)
Складирање
Графика Graphics Synthesizer“ на 147,456 MHz
Управувачи DualShock 2
Поврзување 100 Mbit Етернет/модем (бара адаптер за моделите SCPH-10000-50000), 2 × USB 1.1, 1 × IEEE 1394
Семрежни услуги DNAS
Најпродавана игра Grand Theft Auto: San Andreas: 17,33 милиони копии (до февруари, 2009)[5]
Обратна
соодветност
PlayStation
Претходник PlayStation
Наследник PlayStation 3

PlayStation 2 (официјална кратенка: PS2) е конзола за видеоигри од шестата генерација произведена од Sony. PlayStation 2 е наследник на PlayStation, а претходник на PlayStation 3, што го прави дел од серијалот на конзоли PlayStation. Неговата изработка беше најавена во март, 1999 година, а објавен беше една година подоцна во Јапонија. Главните ривали му се Dreamcast од Sega, Xbox од Microsoft и GameCube од Nintendo.

PS2 е најпродаваната конзола до сега, со преку 140 милиони продадени парчиња до 30 септември, 2009.[1] Кон крајот на 2009 година, бидејќи софтверските компании прават нови игри и конзолата сè уште се продава одлично речиси цела деката по нејзиното излегување, Sony изјави дека производството на PlayStation 2 ќе продолжи додека не престанат побарувањата.[6]

Технички карактеристики[уреди]

Карактеристиките на конзолата PlayStation 2 се следниве:

ЦПЕ „Emotion Engine
ГПЕ „Graphics Synthesizer
Graphics Synthesizer како на SCPH39000.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „SONY COMPUTER ENTERTAINMENT ASIA STARTS ITS PLAYSTATION® BUSINESS IN REPUBLIC OF INDONESIA“. SCEI. 8 јануари 2010. http://www.scei.co.jp/corporate/release/100118e.html. конс. 13 февруари 2010. 
  2. „PlayStation®2 Worldwide Hardware Unit Sales“. SCEI. 1 април 2010. http://www.scei.co.jp/corporate/data/bizdataps2_sale_e.html. конс. 16 мај 2010. 
  3. 3,0 3,1 Џон Л. Хенеси и Дејвид А. Патерсон. "Computer Architecture: A Quantitative Approach, Third Edition". ISBN 1-55860-724-2
  4. 4,0 4,1 Кит Дифендорф. "Sony's Emotionally Charged Chip". Microprocessor Report, том 13, број 5, 19 април, 1999. Microdesign Resources.
  5. „Guinness World Records 2009 Gamer's Edition“. стр. 108–109. ISBN 1904994459. „GTA: San Andreas is the best-selling PlayStation 2 game of all time, with a massive 17.33 million copies sold.“ 
  6. http://www.gamertell.com/gaming/comment/ps2-turns-nine-sony-says-systems-life-cycle-will-continue/

Надворешни врски[уреди]