Индиски паун

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Pavo cristatus)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Индиски паун
Pavo cristatus in Croatia.jpg
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Потсемејство: Фазани
Род: Паун
Вид: Индиски паун
Биномен назив
Pavo cristatus
Linnaeus, 1758
Изворно живеалиште на индискиот паун
Индиски паун на црковен покрив во манастирот „Св. Наум“, Охрид
Јајце на индиски паун од збирката на Висбаденскиот музеј

Индиски паун, син паун или обичен паун (науч. Pavo cristatus) — вид голема шарена птица од родот паун (Pavo) на семејството фазани (Phasianidae) со потекло до Јужна Азија, но денес доведена во разни краишта на светот, вклучувајќи ја Македонија.

Мажјакот е претежно син, а на главата има цуцулка на тенки дршки. Најголема одлика му е долгата опашка со шарени „окца“. Ова се мошне цврсти пердуви кои птицата ги крева (отвора) како ладало за време на додворувањето. Женктие немаат ваква долга опашка, долниот дел од вратот им е зеленикав, а перјето им е со матна кафеава боја. Индискиот паун води претежно наземен живот во отворени шуми, или на обработено земјиште, каде јаде бобинки и жито, но воедно и змии, гуштери и мали глодари. Звучно е препознатлив по гласниот вик, кој во шумски услови служи за предупредување од грабливци како што е тигарот. Се хранат во мали групи, а од опасност бегаат со трчање и се кријат во ниската растителност. Не летаат, освен кога треба се сместат на високите гранки за да се оседлаат.

Намената на раскошната опашака на паунот веќе подолго време е предмет на научен спор меѓу стручњаците. Чарлс Дарвин кон крајот на XIX век ова го сметал за загадочна појава, која тешко се објаснува со начелата на природно избирање (селекција). Дарвин подоцна ја објаснил појавата по пат на плоово избирање, и истото е прифатено од многу, но не и сите биолози. Во XX век, израелскиот еволутивен биолог Амоц Захави го објаснил ова како хендикеп, каде мажјаците искрено ја сигнализираат нивната погодност за размножување сразмерно на раскошот на нивната опашка. Сепак, мислењето останува и понатаму поделено.

Паунот има значење во индиската и старогрчката митологија и претставува државно обележје на Индија. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN) го води видот под статусот „најмала загриженост“ (LC).

Опис[уреди | уреди извор]

Паунот е меѓу најголемите преставници на семејството на фазаните. Долги се 100-115 см без, а 195-225 см сосе опашката и тежат 4–6 кг. Женките се помали, со просечна должина од 95 см и тежина од 2,75–4 кг.

Огласување на индиски паун

Возрасната женка има лисесто-кафена глава со цуцулка како мажјакот, само што има костенлива боја, обрабена со целено. Горниот дел од телото е кафеникав, со бледи шари. Главните, споредните и опашните пардуви се темнокафеави. Долниот дел од вратот е метално зелен, а градните пердуви се темнокафеави, со зелена нијанса. Останатите долни делови се белузлави.[2] Младенчињата со меко перје се светлокафеави, со темнокафеав белег на тилот, кој продолжува кон очите.[3] Младите мажјаци изгледаат како женки, но со костенливи крилја.[3][4]

Најчесто огласување е гласното пијао или мејао. Огласувањето зачестува пред монсунската сезона, а служи за тревога кога птицата ќе се вознемири од некој гласен звук. Во шума, честопати ваквото огласување означува присуство на непријател.[2][4] Други огласувања се брзоповторувачките ка-аан..ка-аан и ко-ко.[4][5] Кога се вознемирени, честопати оддаваат и трубест извик.

Размножување[уреди | уреди извор]

Пауните се многуженци, со целогодишна сезона на парење, која сепак зависи од дождовите. Достигнуваат полова зрелост на возраст од 2 до 3 години.[6]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Ова е сештојадна птица која се храни со семиња, инсекти, плодови, мали цицачи и мали влекачи. Јадат мали змиулки, но се држат настрана од поголемите змии.[7] Во шумата Гир во Гуџарат, голем дел од исхраната им се состои од паднати бобинки од сирка (Zizyphus).[8] Кога се присутни поблиску до луѓето, јадат најразлични земојделски култури: кикиритки, домати, ориз, лути пиперчиња, па дури и банани.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Pavo cristatus. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2013.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 26 November 2013.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 Whistler, Hugh (1949). Popular handbook of Indian birds (4 издание). Gurney and Jackson, London. стр. 401–410. ISBN 1-4067-4576-6. http://www.archive.org/stream/popularhandbooko033226mbp#page/n458/mode/1up/. 
  3. 3,0 3,1 Baker, ECS (1928). The Fauna of British India, Including Ceylon and Burma. Birds. Volume 5 (2 издание). Taylor and Francis, London. стр. 282–284. http://www.archive.org/stream/BakerFbiBirds5/BakerFBI5#page/n304/mode/1up/. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Ali, S and Ripley, S D (1980). Handbook of the birds of India and Pakistan. 2 (2 издание). Oxford University Press. стр. 123–126. ISBN 0-19-562063-1. 
  5. 5,0 5,1 Johnsingh, AJT; Murali, S. The ecology and behaviour of the Indian Peafowl (Pavo cristatus) Linn. of Injar. „J. Bombay Nat. Hist. Soc.“ том  75 (4): 1069–1079. 
  6. „Common (Indian) Peafowl“. Rolling Hills Wildlife Adventure. конс. 26 December 2012. 
  7. Johnsingh, AJT. Peacocks and cobra. „J. Bombay Nat. Hist. Soc.“ том  73 (1): 214. 
  8. Trivedi,Pranav; Johnsingh, AJT. Diet of Indian Peafowl Pavo cristatus Linn. in Gir Forest, Gujarat. „J. Bombay Nat. Hist. Soc.“ том  92 (2): 262–263. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]