Цуцулка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Цуцулеста сипка — птица со цуцулка

Цуцулка, креста или пувка — украс од истакнати пердуви на главата кај некои птици и диносауруси.

Цуцулката е направена од полумеки пердуви: долги, избраздени и назабени од двете страни. Тие се неврзани пердуви, што значи дека се меки и може да се свијат. Кај птиците ваквите полумеки пердуви се вообичаени на главата, вратот и горниот дел од грбот и може да се користат за покажување живост или како сензори за вибрации.

Цуцулката птиците најчесто ја користат во свадбениот танц. Птиците нимфи, какадуи и сличните видови папагали од Австралија, Бизмарковиот Архипелаг и Филипините се најпрепознатливите птици што имаат цуцулка.[1] Овие птици може да ја креваат и спуштаат цуцулката по волја. Ја користат за комуникација со членовите од нивниот вид, но и за одбрана од другите птици, зашто со крената цуцулка изгледаат поголеми.[2] Цуцулката може да биде испрчена или легната, зависно од видот.[3] Легнатата цуцулка има пердуви кои лежат хоризонтално, залепени на главата, додека птицата не ги исправи нагоре. Легната цуцулка има, на пример белиот какаду.[3] Таа е забележлива дури и кога не е испрчена зашто има пердуви кои и кога се легнати се малку искривени нагоре со врвовите, а кога е испрчена, тие често доаѓаат нанапред, пред главата. Често цуцулките имаат брилјантни бои.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Roberson, Don. „COCKATOOS Cacatuidae“. Bird Families of the World. Посетено на 2 May 2013.
  2. Highfill, Carol. „Those Magnificent Cockatoo Crests“. Cockatoo Heaven. Посетено на 2 May 2013.
  3. 3,0 3,1 Moustaki, Nikki (2005). Parrots for Dummies (изд. 1st.). Indianapolis, IN: Wiley Pub. ISBN 978-0764583537.
  4. Highfill, Carol. „Those Magnificent Cockatoo Crest“. Cockatoo Heaven. Посетено на May 2, 2013.