Полова селекција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Полова селекција (полово одбирање) е интраспецифичен (внатревидов) тип на селекција која го објаснува еволутивното потекло на полово диморфните сигнални структури. Чарлс Дарвин ја постулирал половата селекција како еден од трите типа на селекција во теоријата на еволуција.

Три типа на селекција: разграничување[уреди | уреди извор]

Во 1859, во својата книга »Потеклото на видовите« (»За потеклото на видовите по пат на природна селекција...«), Дарвин ги опишал природната и вештачката селекција на следниот начин:

  • Вештачката селекција е причинска селекција на единки со одредени посакувани својства за човекот. Единките кои не ги поседуваат овие својства се строго лишени од размножување. Ова може да доведе до форми кои имаат помал фитнес од нивните предци. Причината за овој редуциран степен на размножување може да е поголема веројатност за зарази или редуциран животен циклус.
  • Природната селекција се одвива без вмешување на човекот. Оние единки кои имаат поголем фитнес имаат поголем репродуктивен успех, т.е. единките кои поседуваат својства кои им овозможуваат да преживеат во дадената животна средина (адаптација).