Прејди на содржината

Википедија:ППЃП

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од PPGP)
Лого на проектот „Википедија во вашето училиште
Лого на проектот „Википедија во вашето училиште
Поврзано:
  • Средни училишта
  1. ОХВП ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид
  2. ППЃП СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
  3. РЕЦС СОУ „Цар Самоил“ - Ресен
  4. СКЗЦ СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје
  5. КАДД СОУГ „Добри Даскалов“ - Кавадарци
  6. ППКЈП СОЕПТУ „К. Ј. Питу“ - Прилеп
  7. ППМА Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
  8. КУГД Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
  9. ВЕЈТ ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес

  • Основни училишта
  1. ОХКР ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид

mini
mini
mini
mini

ППЃП е проект во рамките на кој учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп се организираат и ги координираат своите активности со цел подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот опфаќа категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни правила кои помогаат во насочување на работата на учениците.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете свои коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете свој придонес во уредувањето на статиите.

НОВОСТИ И ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ВИКИСЕКЦИЈАТА ВО СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп


СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп 2012/2013
II полугодие
2013/2014
ППЃП - Главна страница I пол. II пол.


Што велат членовите при СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп за Википедија

[уреди извор]

Статиите кои ги објавуваме на македонската википедија ќе бидат доста корисни во образовниот процес. Учениците ќе можат во секое време да пристапат до потребниот материјал и без проблем да го искористат. Затоа се одлучив да учествувам во овој проект за збогатување на најголемата бесплатна енциклопедија ВИКИПЕДИЈА. -Член ППЃП 15:51, 10 ноември 2013 (CET) Благојче Дишоски

Голема чест ми претставува да бидам еден од уредниците на најголемата слободна енциклопедија Википедија (Wikipedia). Имаме 74.017 статии на македонски јазик, но поради недостигот на информации на интернет, во Македонија многу малку има статии кои се пишувани на македонски јазик, бидејќи веб-страниците ретко се ажурираат. Кога ставаме информации на македонски јазик на Википедија, сите оние кои зборуваат и користат македонскиот јазик би читале и стекнувале знаења на многу подобар прирачник. Секој од нас може да придонесува на Википедија. Да бидеш член во вики-секцијата на СОУ„Ѓорче Петров“ - Прилеп е најголемата предност и задоволство на еден ученик.- Член ППЃП 17:29, 10 ноември 2013 (CET) Даниела Новакоска

Јас најмногу сакам да пишувам статии за природните науки. Најомилени предмети ми се хемија и физиологија. Во оваа секција членувам со намера да ја збогатам Википедија со статии кои досега не биле објавени.-Член ППЃП 15:51, 10 ноември 2013 (CET) Марио Нанески

Сакам да учествувам во тимот на Википедија со цел да придонесам за моето училиште, да изработувам статии коишто ќе бидат објавени на Википедија.- Член ППЃП 17:32, 10 ноември 2013 (CET) Антонио Стојовски

Викисекцијата во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ - Прилеп е формирана во текот на месец февруари 2013 година, од тогаш сè до денес се одржуваат редовни вики средби на кои се работи активно и се разговара за подобрување на постоечките статии или за отворање на нови статии. Со викисекцијата раководаат тројца ментори професорките Билјана Рошкоска, Снежана Переска и професорот Сашо Кочоски. Викисекцијата се состои од 17 членови кои активно се вклучени во програмата за уредување на Македонската Википедија.

Во 2013 година, односно првото нејзино тромесечие се приклучија уште 50 нови членови. Новите членови кординаторите на проектот Википедија во нашето училиште за полесно функционирање на вики - секцијата ги поделија во три групи. Секој кординатор е одговорен за една група а функционираат како целина.

Работата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на:

  • Создавање на нови квалитетни статии;
  • Подобрување на постоечките статии;
  • Меѓујазични врски кон статиите на другите јазични изданија на википедија.

Фази на проектот

[уреди извор]
  • Секој ученик, отвора корисничка сметка на википедија.
  • Секој ученик, избира една или повеќе одредници за кои веќе има создадена статија на википедија.
  • Секој ученик, избира една или повеќе одредници за кои сè уште нема создадена статија на википедија.

Првата фаза на проектот опфаќа дефинирање на списоци на статии кои ќе бидат предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно. Се предлага соработка на повеќе учесници на една статија согласно со принципите на Википедија.

Втората фаза на проектот опфаќа обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии.

Кон крајот на полугодието од списокот на новосоздадени статии во рамките на училишниот вики-проект, групата консензуално избира најдобра статија, избира ученик кој дал најголем придонес во уредувањето на статиите, избира ученик кој бил најколаборативен во групата и општо на википедија.

Изборот се прави на вики-страницата за соодветното полугодие.

Во уредувањето на статиите и изборот може да учествуваат и други википедијанци, кои не се членови на вики-проектот.

Избор на најдобра статија

[уреди извор]

Подолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:

(а) да е одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна и е од професионален стандард;
(б) да е детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
(в) да е веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придружени со специфични докази и надворешни цитати, ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во кој се наведени изворите, придружени со фусноти на соодветните места;
(г) да е неутрална: презентира објективност и неполаризираност;
(д) да е стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден;
(ѓ) да има вовед: концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
(е) да има соодветна структура: систем на хиерархиски поднаслови, но не преголема содржина;
(ж) да има постојани цитати: онаму каде што има потреба во согласност со (в), континуирано форматирани референци во форма на фусноти;
(з) да има слики и други мултимедијални содржини таму каде што е соодветно, со добар коментар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права;
(ѕ) да има соодветна должина, при што фокусот ќе остане на главната тема без да се оди во непотребни детали.

Избраната статија треба да ги почитува горенаведените критериуми за да биде најдобра.

Како можете да помогнете?

[уреди извор]

Вклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.

Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.

  • Доделување на наградите на вики-секцијата во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп“, СОУ „Ѓорче Петров“, официјална веб страна, [1]
  • Е-помош за сите“, „Зенит“, прилепски локален весник, 21 септември 2013, [2]