Википедија:ОХВП

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лого на О.У.Т.У. „Ванчо Питошески“ од Охрид.jpg
Лого на проектот „Википедија во вашето училиште
Поврзано:
  • Средни училишта
  1. ОХВП ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид
  2. ППЃП СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
  3. РЕЦС СОУ „Цар Самоил“ - Ресен
  4. СКЗЦ СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје
  5. КАДД СОУГ „Добри Даскалов“ - Кавадарци
  6. ППКЈП СОЕПТУ „К. Ј. Питу“ - Прилеп
  7. ППМА Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
  8. КУГД Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
  9. ВЕЈТ ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес

  • Основни училишта
  1. ОХКР ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид

mini
mini

ОХВП е проект во рамките на кој учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид се организираат и ги координираат своите активности со цел подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот опфаќа категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на проектот и соодветните подстраници содржат основни правила кои помогаат во насочување на работата на учениците.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект слободно дадете свои коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете свој придонес во уредувањето на статиите.

Лого на викисекцијата при ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид
ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид 2012/2013
II пол.
2013/2014
II пол.
ОХВП - Главна страница


Цели[уреди извор]

Работата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на:

  • Создавање на нови квалитетни статии;
  • Редизајн на постоечките статии;
  • Интервики врски кон статиите на другите јазични изданија на википедија.

Фази на проектот[уреди извор]

  • Секој ученик, отвора корисничка сметка на википедија.
  • Секој ученик, избира една или повеќе одредници за кои веќе има создадена статија на википедија.
  • Секој ученик, избира една или повеќе одредници за кои сеуште нема создадена статија на википедија.

Првата фаза на проектот опфаќа дефинирање на списоци на статии кои ќе бидат предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно. Се предлага соработка на повеќе учесници на една статија согласно со принципите на Википедија.

Втората фаза на проектот опфаќа обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии.

Рокот за завршување на обврските на учениците е крај на март во тековната учебна година.

Кон средината на месец март, од списокот на новосоздадени статии во рамките на училишниот вики-проект, групата консензуално избира најдобра статија, избира ученик кој дал најголем придонес во уредувањето на статиите, избира ученик кој бил најколаборативен во групата и општо на википедија.

Изборот се прави на оваа вики-страница.

Во уредувањето на статиите и изборот може да учествуваат и други википедијанци, кои не се членови на вики-проектот.

Како можете да помогнете?[уреди извор]

Вклучете се во било која од фазите и дадете свој допринос во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.

Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.

Избор на најдобра статија[уреди извор]

Подолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:

(а) да е одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна и е од професионален стандард;
(б) да е детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
(в) да е веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придружени со специфични докази и надворешни цитати, ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во кој се наведени изворите, придружени со фусноти на соодветните места;
(г) да е неутрална: презентира објективност и неполаризираност;
(д) да е стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден;
(ѓ) да има вовед: концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
(е) да има соодветна структура: систем на хиерархиски поднаслови, но не преголема содржина;
(ж) да има постојани цитати: онаму каде што има потреба во согласност со (в), континуирано форматирани референци во форма на фусноти;
(з) да има слики и други мултимедијални содржини таму каде што е соодветно, со добар коментар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права;
(ѕ) да има соодветна должина, при што фокусот ќе остане на главната тема без да се оди во непотребни детали.

Шаблони[уреди извор]

Следниве шаблони ќе се користат:

  • {{никулец}} – статиија никулец - се додава на крајот од статија никулец.
  • {{ОХВП}} – ознака дека статијата е дел од проектот - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
  • {{Корисник ОХВП}} – шаблон за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.