Википедија:ВЕЈТ
Проектот ВЕЈТ има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на учениците во ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес, со цел работата на учениците подобро да се организираа и координира. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни правила кои би требало да помогнат во насочување на работата на учениците.
Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на разговорната страница на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете свој придонес во уредувањето на статиите.
Цели
[уреди извор]Вики-секцијата во училиштето има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на учениците во ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес, со цел да се зголеми бројот на содржини на Википедија на македонски јазик достапни за сите наши граѓани. Професорите-Координатори имаат за задача да ја контролираат работата и учествуваат во изборот на статиите.
Пријавени членови
[уреди извор]Во продолжение следи список на википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектниот тим: {{Корисник ВЕЈТ}}.
Список на статии
[уреди извор]Следниве статии ќе бидат предмет на обработка во рамките на проектот:
Предлошки
[уреди извор]Следниве предлошки ќе се користат:
- {{никулец}} – статиија никулец - се додава на крајот од статија никулец.
- {{ВЕЈТ}} – ознака дека статијата е дел од проектот - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
- {{Корисник ВЕЈТ}} – предлошка за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.