Medical Subject Headings
Содржина | |
---|---|
Опис | медицински предметни определници |
Заведени видови податоци | контролиран речник |
Контакт | |
Истраж. центар | Национална медицинска библиотека на САД Национален центар за биотехнолошки информации |
Лабораторија | Национална медицинска библиотека на САД |
Автори | Ф.Б. Роџерс |
Главен навод | PMID 13982385[1] |
Пристап | |
Мреж. место | https://www.nlm.nih.gov/mesh/ |
Алатки | |
Разно |
Medical Subject Headings или MeSH (на македонски: Медицински предметни определници) — сеопфатен контролиран речник со цел индексирање (заведување) на стручни статии и книги од областа на природните науки. Може да служи и како лексикон кој помага при пребарувањето. Негов создавач и одржувач е Националната медицинска библиотека на САД (NLM) и се користи во базите на стручна периодика MEDLINE/PubMed и во библиотечната база на NLM.
MeSH е воведен во 1963 г. и се издавал во печатен облик сè до 2007 г. Оттогаш е достапен само само семрежно.[2] Може бесплатно да се прелистува и презема преку PubMed. Денес MeSH е преведен на многу јазици и овозможува пербарување на документи напишани на разни јазици.
Структура на MeSH
[уреди | уреди извор]Верзијата на MeSH од 2009 г. опфаќа вкупно 25.186 предметни определници (анг. subject headings или descriptors).[2] Највеќето содржат краток опис или дефиниција, врски до поврзани определници и список на синоними или многу слични поими, наречени „поими на записот“ (entry terms). MeSH може да се прегледува како лексикон токму поради овие синоними.[3]
Хиерархија на определниците
[уреди | уреди извор]Предметните определници се распоредени во хиерархија. Дадена определница може да се јавува на неколку места во дрвото на хиерархијата. Местата на дрвото имаат систематски ознаки наречени „броеви на дрвото“ (tree numbers), and consequently one descriptor can carry several tree numbers. На пример, определницата Digestive System Neoplasms („Неоплазми на системот за варење“) ги има броевите C06.301 и C04.588.274; C означува „Болести“ (Diseases), C06 значи „Болести на системот за варење“ (Digestive System Diseases), а C06.301 означува „Неоплазми на системот за варење“ (Digestive System Neoplasms); C04 означува „Неоплазми“ (Neoplasms), C04.588 означува „Неоплазми по места“ (Neoplasms By Site), а C04.588.274 исто така значи „Неоплазми на системот за варење“ (Digestive System Neoplasms). Броевите на дрвото за дадена определница се предмет на измена со развојот и надополнувањето на MeSH. Секоја определница има своја единствена азбучноброчена назнака која никогаш не се менува.
Описи
[уреди | уреди извор]Највеќето предметни определници имаат кратки описи или дефиниции. (пример е описот за дијабетес од тип 2. Објаснителниот текст го составува екипата на MeSH консултирајќи стандардни извори, освен ако не е поинаку наведено. Се наведуваат претежно енциклопедии и стадардни учебници на дадените тематики. Поединечните искази во описот немаат наводи, туку за таа цел се посочува библиографијата.
Доопределници
[уреди | уреди извор]Покрај хиерархијата на определници, MeSH содржи и помал број на стандардни доопределници (qualifiers или subheadings), кој можат да им се додавааат на определниците за понатамошно уточнување на темата.[4] На пример, „Сипаници“ (Measles) is a определницата, а „епидемиологија“ (epidemiology) е доопределница; „Сипаници/епидемиологија“ (Measles/epidemiology) ја опишува доопределницата за епидемолошки статии за сипаници. Доопределницата „епидемологија“ може да се додава на било која друга определница за болести. Постојат комбинации определница/доопределница кои не се допуштени бидејќи таквите немаат смисла. Постојат вкупно 83 различни доопределници.
Прилози
[уреди | уреди извор]Покрај определниците, MeSH содржи уште 139.000 прилози (Supplementary Concept Records). Тие не му припаѓаат на самиот контролиран речник, туку го збогатуваат лексиконот и содржат врски до најблиската определница за пребарувањето на MEDLINE. Многу од овие записи опишуваат хемиски супстанции.
Употреба во Medline/PubMed
[уреди | уреди извор]Во MEDLINE/PubMed, секоја стручна статија се индексира со по 10–15 предметни определници, доопределници и прилози, при што некои од нив се укажани како „важни“ (major) и означени со ѕвездичка, со тоа давајќи ги главните теми на статијата. При пребарување на MEDLINE преку PubMed, поимите од записите автоматски се преведуваат на (односно пресликуваат во) соодветните определници со добар степен на сигурност; се препорачува да се погледа во јазичето Details („Подробно“) во PubMed и да се провери како е срочен преводот на бараното. По основно, пребараната определница ги опфаќа сите определници во хиерархијата под неа.
Главни категории
[уреди | уреди извор]Главни категории во хиерархијата на определниците во MeSH се следниве:
- Анатомија [A]
- Организми [B]
- Болести [C]
- Хемикалии и лекови [D]
- Аналитика, Дијагностика, Терапевски техники и Опрема [E]
- Психијатрија и Психологија [F]
- Биолошки науки [G]
- Физички науки [H]
- Антропологија, Образование, Социологија и Општествени појави [I]
- Технологија на храната и пијалаците [J]
- Хуманитарни науки [K]
- Информатика [L]
- Личности [M]
- Здравствена заштита [N]
- Особености на стручната литература [V]
- Географски места [Z]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Rogers, F B (Jan 1963). „Medical subject headings“. Bull Med Libr Assoc. 51: 114–6. ISSN 0025-7338. PMC 197951. PMID 13982385.
- ↑ 2,0 2,1 „Medical Subject Headings (MeSH) — Основни податоци“. Национална медицинска библиотека на САД. 2005-05-27. Посетено на 2007-05-31. (англиски)
- ↑ Вовед во MeSH – 2010 (англиски)
- ↑ Список на доопределници – MeSH 2009 (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Medical Subject Heading (англиски)
- Како се употребува базата MeSH (англиски)
- Прелистувач на MeSH (англиски)
- Список на MeSH-кодови (англиски)
|