Тезаурус
Тезаурус (од грч. θησαυρός - богатство, ризница) е референтно дело слично на речник, но наместо дефиниции и изговори, содржи синоними и понекогаш, антоними. Според библиотекарот Верица Петровска, тезаурус е „класификациски систем на семантички и генерички поврзани термини за поими од одредено стручно подрачје“[1].
Првиот пример од овој жанр е „Рожеов тазаурус“ (Roget's Thesaurus), составен во 1805 од Питер Роже, а издаден во 1852. Записите во Рожеовиот тезаурус се подредени идејно наместо азбучно.
Иако тезаурусот доржи синоними и антоними, записите во едно такво дело не треба да се сметаат за нивна листа. Записите се предвидени и за разликување помеѓу слични зборови и тој помага при прецизното избирање на вистинскиот збор. За разлика од речникот, тезаурускиот запис не го дефинира зборот.
Во информатиката, тезаурусот претставува база на податоци или список на семантички ортогонални тематски пребарувачки клучеви. Во полето на вештачката интелигенција, тезаурусот понекогаш се нарекува онтологија.
Тезауруските бази на податоци, создадени по меѓународни стандарди, обично се подредени хиерархиски, по предмети и теми. Ваквиот тезаурус го става секој поим во контекст, па така корисникот може да различи помеѓу „биро“ како канцеларија/установа и „биро“ како мебел. Тезаурус од овој тип често служи како основа за индекс на он-лајн материјали. На пример, Тезаурусот на уметност и архитектура се користи за индексирање на државни бази на податоци за музеи, Артефакти Канада, во сопственост на Информатичката мрежа на канадското културно наследство (Canadian Heritage Information Network) (CHIN).
Дефиниција
[уреди | уреди извор]Формалната дефиниција за тезаурус предвиден за индексирање и пристапување кон информации е следната:
- список на секој важен поим (еднозборовен или повеќезборовен) во рамките на даден домен на знаења; и
- збир поврзани поими за секој поим во листата.
Примери
[уреди | уреди извор]Англиски
[уреди | уреди извор]- Thesaurus of English Words & Phrases (едиц. P. Roget); ISBN 0-06-272037-6, видете: Рожеов тезаурус.
- The Synonym Finder (едиц. J. I. Rodale); ISBN 0-87857-236-8
- Webster's New World Thesaurus (едиц. C. Laird); ISBN 0-671-51983-2
- Oxford American Desk Thesaurus (едиц. C. Lindberg); ISBN 0-19-512674-2
- Random House Word Menu од Стивен Глејзиер; ISBN 0-679-40030-3, мешавина од тезаурус, речник и глосар.
Македонски
[уреди | уреди извор]- Тезаурус на македонски јазик на Европската дигитална мрежа на културно наследство (HEREIN) Објаснение Архивирано на 7 септември 2008 г.
- Контролиран речник (тезаурус) на предметниот каталог (Библиотекарско друштво на Македонија)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- www.thesaurus.com — Англиски тезаурус (англиски)
- www.online-thesaurus.net — Повеќејазичен тезаурус Архивирано на 25 јуни 2008 г. (англиски)