Legio XIII Gemina

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Legio XIII Gemina

Legio tertia decimal Gemina (македонски - „Тринаесетата легија на близнаци“) била една од најпознатите Римски легии. Таа е една од најзначајните легии на Гај Јулиј Цезар во Галија и во граѓанската војна. Исто така, таа е легијата со која Цезар ја преминал реката Рубикон на 10 јануари, 49 год. п.н.е. Има докази кои покажуваат дека оваа легија постоела се до петиот век. Нејзиниот симбол бил лавот.

Историја[уреди | уреди извор]

Во доцните години на Републиката[уреди | уреди извор]

„Legio XIII“ му била доделена на Јулиј Цезар во 57 год. п.н.е, пред да тргне против Белгите во една од раните интервенции при Галскиот конфликт. За време на Галските војни (58-51 год. п.н.е), оваа легија била присутна во битката против Нервите, опсадата на Герговија, а исто така, не е особено напоменато во изворите, разумно е да се претпостави дека „Legio XIII“ била присутна и во битката кај Алезија.

По крајот на Галските војни, Римскиот сенат му го одбил вториот конзулат на Цезар наредувајќи му да ја предаде неговата команда и да се врати во Рим за да се соочи со обвинението. Принуден да избере помеѓу крај на неговата политичка кариера или граѓанска војна, Цезар заедно со единствената легија, „Legio XIII“, ја преминал реката Рубикон и влегол во Италија. Легијата му останала верна на Цезар за време на граѓанската војна помеѓу него и конзервативните оптимати кој го сочинувале сенатот, а чии легии биле под водство на Помпеј. „Legio XIII“ била активна за време на целата војна борејќи се во Диракијум (48 год. п.н.е) и Фарсал (48 год. п.н.е). По убедливата победа против Помпеј во битката кај Фарсал легијата била распуштена, а легионерите се „пензионирале“ со традиционалните земјишни придобивки. Сепак, легијата била повторно повикана за битката кај Тапса (46 год. п.н.е) и финалната битка кај Мунда (45 год. п.н.е). По битката кај Мунда Цезар ја распуштил легијата, ги пензионирал неговите ветерани и им доделил фарми во Италија.

Во времето на империјата[уреди | уреди извор]

Октавијан Август ја реконструирал легијата повторно во 41 год. п.н.е за да му се спротистави на Секст Помпеј (син на Помпеј) во Сицилија.

„Legio XIII“ го добила когноменот „Gemina“ („близнаци“, вообичаена ознака на легии кои се составени од повеќе делови на други легии) по нејзиното засилување со легионери ветерани од други легии во текот на војанта против Марк Антониј и битката кај Актиум.[1] Потоа, Август ја пратил легијата во Бурнум (денешен Книн), во Илирик кој бил римска провинција.

Во 16 год. п.н.е легијата била префрлена во Емона (денешна Љубљана), во Панонија, каде што се справила со локалните бунтовници. По катастрофата во битката кај Тевтобуршката шума во 9 год. н.е, легијата била испратена по засилување во Августа Винделикорум (денешен Аугсбург) и потоа во Ретија за да се справи со германските племиња.

Импрераторот Клаудиј ја пратил назад во Панонија околу 45 год. п.н.е каде што легијата кампувала во Питовио (денешен Птуј, Словенија).

Плоча најдена во Алба Јулија, Романија

Во годината на четирите императори (69), „XIII Gemina“ најпрво го подржала Отон, а потоа и на Веспазијан против Вителиј во двете борби кај Бедриакум. Под раководство на Трајан, легијата била дел од двете Дакијански борби (101-102, 105-106) и од страна на Трајан била пренесана, во 106, во новоосвоените провинции на Дакија за да ги обезбедуваат.

Во 271 година легијата била преместана кога провинцијата Дакија била евакуирана и легијата престојувала во Дакија Аврелиана. Во петиот век, според „Notitia Dignitatum“, легијата „legio tertiadecime gemina“ се наоѓала во Вавилон, Егитеп, статешка тврдина на Нил кај традиционалната граница помеѓу долен и среден Египет.[2]

Наследство[уреди | уреди извор]

На 15 јуни, 2008, четвртиот романски територијален корпус станал четвртата пешадиска дивизија (Романија) „Gemina“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бирли, И. Б.. Забелешка на насловот Gemina'. „Весник на Римските студии“ (18): стр. 56–60. 
  2. Notitia Dignitatum, In partibus Orientis, XXVIII

Примарни извори[уреди | уреди извор]

Секундарни извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]