Прејди на содржината

Когномен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Когномен (латински: cognomen, од co = „заедно, со“ и nomen = „име“; множина: cognomina) е третиот дел од римските имиња.[1]

Оригинално, називот cognomina започнал да се користи како прекар, но таквото значење го изгубил кога добил наследен карактер, односно се пренесувал семејно. Когноменот, односно прекарот, служел главно за разликување на поединците во античкиот период, односно како додавка на преноменот, а понекогаш се користел и за да се нагласи нечиј војсководачки успех.

Наспроти почесниот когномен, што го добивале успешните генерали, повеќето когномен во секојдневниот разговор во римско време се базирале на физички или лични одлики. На пример, Rufus значело "црвенокос" или Scaevola (Гај Муциј Сцевола) значeло "левучар".

Денес многу истакнати антички Римјани ги разликуваме само по нивниот прекар. На пример, Цицерон (лат.: cicer што значи леблебија) служи како скратено име за Марко Тулиј Цицерон, и Цезар за Гај Јулиј Цезар.

  1. Епиграфските споменици решаваат многу историски дилеми објаснувања на м-р Славица Бабамова за древните натписи, Македонско сонце 760/23.1.2009