Hippopotamus gorgops

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Hippopotamus gorgops
Период: доцен миоцен до среден плеистоцен
Hippopotamus gorgops e.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Artiodactyla
Семејство: Hippopotamidae
Род: Hippopotamus
Биномен назив
Hippopotamus gorgops
Dietrich, 1928

Hippopotamus gorgops е изумрен вид на нилски коњ од фамилијата Hippopotamidae. Најпрво се појавил во Африка кој крајот на миоценот, а потоа за време на плеистоценот мигрирал кон Европа. Фосили од овој вид за прв пат се пронајдени на европскиот континент. Се смета дека изумрел пред почетокот на последното ледено доба.

Со должина од 4,30 метри и висина до рамениците од 2,10 метри, H. gorgops бил многу поголем од неговиот преживен роднина, обичниот нилски коњ (H. amphibius). Освен по големината, овој нилски коњ се разликува од денешниот и по очите. Кај денешниот нилски коњ очите се сместени високо на черепот, додека кај H. gorgops очите биле поиздигнати од главата што им овозможувало уште поголема прегледност на околината додека се наоѓале речиси целосно под вода.


Наводи[уреди | уреди извор]

  • (англиски) Petronio, C. (1995): Note on the taxonomy of Pleistocene hippopotamuses. Ibex 3: 53-55. PDF fulltext