Hippopotamus laloumena

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Hippopotamus laloumena
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Artiodactyla
Семејство: Hippopotamidae
Род: Hippopotamus
Биномен назив
Hippopotamus laloumena
Gaure и Guerin, 1990

Hippopotamus laloumena, познат и под името Лесерски нилски коњ, е третиот вид на изумрени нилски коњи кои живееле на островот Мадагаскар. Останатите два се Hippopotamus lemerlei и Choeropsis madagascariensis (кој спаѓа во пигмејски нилски коњи).

Во 1990, Фауре и Герин го опишале овој посебен вид и го нарекле Hippopotamus laloumena, по зборот laloumena што значи нилски коњ. За овој вид се знае многу малку, идентифициран е само со споредба на долна вилица и коски од екстремитетите, кои се пронајдени во источниот дел на Мадагаскар[1]. Фосилите со сигурност припаѓаат на нилски коњ кој бил доста поголем од претходно опишаните видови од Мадагаскар. Од податоците што ги имаме денес, се претпоставува дека овој вид многу наликувал на денешните обични нилски коњи, но сепак бил малку помал[2].


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (англиски)Faure, M. and Guerin, C.. Hippopotamus laloumena nov. sp., la troisième éspece d'hippopotame holocene de Madagascar. „Comptes Rendus de l'Academie des Sciences, Serie 11“ том  310: 1299–305.. 
  2. (англиски)Eltringham, S.K. (1999). The Hippos. Poyser Natural History Series. London: Academic Press. ISBN 085661131X.