Малтешки нилски коњ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Малтешки нилски коњ
Период: плеистоцен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Artiodactyla
Семејство: Hippopotamidae
Род: Hippopotamus
Вид: H. melitensis
Биномен назив
Hippopotamus melitensis
Major, 1902[1]

Малтешкиот нилски коњ (Hippopotamus meltensis) е изумрен вид кој припаѓа во фамилијата Hippopotamidae. Овој вид живеел на островот Малта за време на плеистоценот. Најголемиот дел од останките на овие животни се пронајдени во Гар Далам, пештера на Малта која е позната по големиот број на фосили од периодот плеистоцен. Овој вид, специфичен само за овој остров, бил многу помал од останатите континентални нилски коњи. Некои фосили укажуваат на тоа дека возрасната единка не достигнувала ни до 1 метар.

За време на леденото доба, нивото на морето било пониско од денешното ниво, и Малта била поврзана со копното и Сицилија преку земјени мостови. Ова поврзување им овозможило на нилските коњи да дојдат до Малта. На крајот на последното ледено доба, топењето на мразот го зголемило нивото на морето и ги заробило животните на островот. Поради ограничената вегетација, нилските коњи биле принудени да еволуираат во вид со многу помала големина (инсуларна еволуција).


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (англиски) Major, C.I.F., 1902. Some account of a nearly complete skeleton of Hippopotamus madagascariensis, Guldb., from Sirabé, Madagascar, obtained in 1895. Geol. Mag. 1902 pp.193-199.