Far Cry 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Far Cry 2
250px
Изработувач(и) Ubisoft Montreal
Издавач(и) Ubisoft
Дизајнер(и) Пјер Ривест
Композитор(и) Марк Канам[1]
Серијал Far Cry
Погон Dunia (неслеободен) со физика Havok
Последна верзија 1.03 (од 03 јуни 2009)
Подлоги Microsoft Windows, PlayStation 3, Xbox 360
Датум на издавање СА 21 октомври 2008[2]
ЕВР 24 октомври 2008[2][3]

АВС 23 октомври 2008[4]

Жанр(ови) Акција, пукач од прво лице, нелинеарна
Режим(и) Самостоен, групен
Медиум Blu-ray диск, ДВД, преземање преку Steam[5]
Побарувања Погледнете во „Изработка“
Начин на
контролирање
Тастатура и глувче, гејмпад

Far Cry 2 (скратено „FC2“) е пукачка видеоигра од прво лице со отворен крај, изработена од Ubisoft Montreal и издадена од Ubisoft. Во продажба беше пуштена на 21 октомври 2008 во Северна Америка[2] и на 23 октомври 2008 во Европа[2] и Австралија.[4] Стана достапна за преземање преку Steam на 22 октомври 2008.[6] Crytek, авторите на првата игра, не биле вмешани во изработката на Far Cry 2.

Ubisoft ја промовирале Far Cry 2 како вистинско продолжение на Far Cry, иако продолжението има многу малку приметливи сличности со првата игра. Има сосема различни ликови и приказна, како и стил на игра што му дава на играчот поголеми слободи во истражувањето на африканските пејзажи, како пустини, џунгли и савани. Дејствието се одвива во денешна источноафриканска држава која се справува со безредие и граѓанска војна. Играчот има улога на платеник со задача да го пронајде и отстрани „Чакалот“ (The Jackal), озлогласен препродавач на оружје.

Играчот истражува африканска џунгла држејќи RPG-7.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Претставување на саундтракот на Far Cry 2 од композиторот и директор на Nimrod Productions, Марк Канам“. Music4Games. 13 август 2008. Посетено на 2008-10-05.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Торсен, Тор (5 септември 2008). „Far Cry 2 howling October 21“. GameSpot. Посетено на 2008-09-06.
  3. „Official Release Date & Map Editor Info“. Ubisoft. 5 септември 2008. Посетено на 2008-09-06.
  4. 4,0 4,1 Торсен, Тор (23 октомври 2008). „Ubisoft announces Far Cry 2 Release Date“. XBoxWorld Australia. Посетено на 2008-10-23.
  5. „Far Cry 2 on Steam“. Steam. Посетено на 2008-10-25.
  6. http://store.steampowered.com/app/19900/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]