3 февруари (настани)
Изглед
| 1917 | Прва светска војна: САД ги прекинаа дипломатските односи со Германија, откако Берлин соопшти дека ќе започне војна со подморници. |
| 1943 | Втора светска војна: Британските авиони го бомбардираа германскиот град Хамбург. |
| 1945 | Втора светска војна: Американските авиони исфрлија 3.000 тони бомби над Берлин. |
| 1966 | На Месечината се спушти првото летало лансирано од Земјата, советскиот вселенски брод без посада „Луна IX“, по што почна да емитува радиосигнали. |
| 1969 | Палестинскиот национален конгрес го избра Јасер Арафат за шеф на Палестинската ослободителна организација. |
| 1973 | Во Јужен Виетнам на основа на мировниот Договор потпишан во Париз стапи во сила прекин на огнот. Со Договорот беше предвидено САД да ги повлечат своите трупи, а Владата во Сајгон и Народноослободителниот фронт на Јужен Виетнам да формираат „Национален комитет за национално помирување“. Силите на Фронтот со помош на северновиетнамската Армија во април 1975 година ги поразиле владините трупи во Сајгон и американската војска, а марионетскиот режим се распадна. |
| 1981 | Гро Харлем Брунтланд по оставката на Одвар Нордлиј е избрана за прва жена премиер на Норвешка. |
| 1992 | Аргентинскиот претседател Карлос Менем потпиша Декрет за отворање на сите документи за нацистите кои по завршувањето на Втората светска војна пребегнаа во Јужна Америка. |
| 1994 | Американскиот претседател Бил Клинтон го укина трговското ембарго воведено спрема Виетнам во 1975 година, по поразот на американските војници во таа земја. |