29 април (настани)
Изглед
| 1429 | Јованка Орлеанка на чело на неколку стотици Французи ги победила англиските освојувачи и го зазела градот Орлеан. |
| 1672 | Кралот Луј XIV извршил инвазија на Холандија. |
| 1861 | По предлог на епископот Јосип Јурај Штросмајер, Собранието на Хрватска донело одлука за основање на Југословенска академија на науките и уметностите како матична културно-научна установа на сите Јужни Словени. |
| 1945 | Втора светска војна: германските окупациски сили во Италија безусловно капитулирале пред Сојузниците. |
| 1968 | Мјузиклот „Коса“ — претставително дело на хипи-движењето и пацифизмот бил премиерно прикажан на Бродвеј во Њујорк, САД. |
| 1997 | Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишале спогодбата за соработка. |
| 1999 | При бомбардирањето на НАТО на СР Југославија била урната највисоката зграда во земјата — телевизиската кула (203 м) на планината Авала, близу Белград. |
| 2005 | Сирија целосно се повлекла од Либан, окончувајќи ја 29-годишната окупација. |
| 2011 | Британскиот принц Вилијам се венчал со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон. |