28 април (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
518  Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи, претходникот на денешно Скопје.
1945  Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петаки се погубени од стрелачки вод составен од членови на италијанското движење на отпорот.
1964  Излегло првото издание на „Битолски весник“.
1969  Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи.
1980  Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран.
2001  Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја.
2001  Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената.
2004  Кандидадот на СДСМ Бранко Црвенковски е избран за Претседател на Република Македонија со убедлива победа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев.