Денис Тито

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Денис Тито
Dennis Tito.jpg
Вселенски турист
Националност САД
Роден 8 август 1940
Квинс, Њујорк, САД
Друга професија
Претприемач
Поминато време во вселената
7 д 22 ч 04 м
Мисии Меѓународна вселенска станица (Сојуз ТМ-32 / Сојуз ТМ-31)
Лого на мисијата
Soyuz TM-32 patch.png

Денис Тито (8 август 1940) — американски инженер и мултимилионер, најпознат по тоа што бил првиот турист во вселената.

Четириесет години откако Јуриј Гагарин станал првиот човек што престојувал во вселената, Тито во 2001 год. направил нова пресвртица во проучувањето на вселената, станувајќи прв вселенски турист во светот. Тој платил 20 милиони долари за да може како дел од програмата на руската вселенска станица да помине шест дена во Меѓународната вселенска станица.