21 април (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
753 п.н.е.  Според преданието, Ромул и Рем го основале градот Рим.
1836  Војската на Тексас под водство на Сем Хјустон ги победила мексиканските сили на генералот Антонио Лопез де Санта Ана во решавачката битка на Тексашката револуција.
1944  Жените во Франција добиле право на глас.
1918  Прва светска војна — германскиот воен пилот Манфред фон Рихтхофен познат како Црвениот барон е погоден и убиен во небесна битка над Во на Сома, Франција.
1946  Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа била претставата „Силјан Штркот“, според истоимената народна приказна.
1956  Елвис Присли за прв пат се искачил на првото место на топ-листите.
1967  Неколку дена пред општите избори во Грција, полковникот Јоргос Пападопулос спровел државен преврат со кој воспоставил воен режим во земјата кој траел следните седум години.
1994  Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД.
2001  Во Јужна Африка се одржала борбата меѓу актуелниот шампион Ленокс Луис и предизвикувачот Хасим Рахман. Рахман победил со нокаут во петтата рунда, со што станал светски шампион во бокс, во тешка категорија, во верзиите на WBC, IBF и IBO.