19 февруари (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1878  Томас Едисон го патентирал фонографот, претходник на грамофонот.
1905  Во Париз излегол првиот број на весникот „Македонија“.
1921  Склучен е првиот од пактовите со кои Франција настојуваше да обезбеди хегемонија во Европа - сојуз со Полска против Германија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика.
1945  Започнала големата битка на пацифичкиот остров Иво Џима, која се водела меѓу армиите на САД и на Јапонија.
1959  Потпишана е Лондонската спогодба меѓу Велика Британија, Грција и Турција за независност на Кипар.
1968  Започнал судскиот процес на група родители против компанијата „Дистилер“, која го произведувала лекот „талидомид“.
1994  Во Скопје е основано Македонско - американско здружение за пријателство и соработка.
1996  Во Њујорк официјално започна со работа генералниот конзулат на Република Македонија.
1996  Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“.