Шон Бин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шон Бин
Роден(а)17 април 1959
Шефилд, Англија
Занимањефилмски и театарски актер
ПартнерДебра Џејмас (1981-?) Мелани Хил (1990—1997) Абигејл Кратенден (1997—2000)

Шон Марк Бин (анг. Sean Mark Bean) е англиски филмски и театарски актер. Роден е на 17 април 1959 ( 1959 -04-17) (60 г.) година во Хандсворт, Шефилд (Јужен Јоркшир, Англија). Тој станал славен како агентот 006 Алек Тревелјан во филмот Златното око (Џејмс Бонд), а подоцна и како Боромир во трилогијата Господарот на прстените, како Одисеј во филмскиот спектакл Троја и Едард Старк во серијата Игра на тронови.

Познат по тоа што често игра ликови кои умираат, на Бин му донеле статус интернет мем.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е како Шон Марк Бин во Хандсворт, Шефилд (Јужен Јокшир, Англија), од татко Брајан и мајка Рите Бин. Негови родители се од шкотско потекло. Има помлада сестра Лорејн. Првата љубов на Бин бил фудбалот и уште како момче страсно навивал на Шефилд Јунајтед. Повредите од детството го спречиле да се занимава со фудбал, па затоа се запишал на Ротерхамскиот колеџ за уметност и технологија, а подоцна добил школарина за Кралската академија за драмски уметности. Дипломирал во 1983 со сребрен медал за неговата улога во Чекајќи го Бога. Неговата прва професионална изведба бил во 1983 година како Тибалд во Рим и Јулија во театарот Вотермил во Њубери, Беркшир. Помеѓу 1986 и 1988 година, тој патувал по земја со изведба на компанијата Ројал Шекспир со претстава: Ромео и Јулија, Фер Мејд на Запад и Сан летна ноќ. Тој дебитираше во филмот во 1986 година како Раноко Томазони во филмот Караваџо.

Во текот на 1980-тите и раните 1990-ти, тој станал почитуван британски ТВ актер, играјќи во продукциите на Би-Би-Си Клариса и Леди Чатерли. Подоцна тој го игра Ричард Шарп во телевизиската серија Шарп и станал уште попознат. Потоа игра во филмот Патриотски игри со Харисон Форд, а потоа игра во филмовите Златно око, Ана Каренина, Ронан, во трилогијата Господарот на прстените, Националното богатство и Троја.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Бин се женел три пати: најпрво се венчал со Дебора Џејмс во 1981 година и се развел кога се запишал на Кралската академија за драмски уметности. Со актерката Мелани Хил бил во брак од 1990 до 1997 година. Во ноември 1997 година се венчал за актерката Абигејл Кратенден, но се развеле во 2000 година. Тој има две ќерки од бракот со Мелани Хил, додека со Абигејл Кратенден има една ќерка. Во слободното време тој сака да чита книга и да слуша музика.

Интересно[уреди | уреди извор]

  • Директор е на фудбалскиот клуб во Шефилд, за кој навива од детството.
  • Тој соработувл со три актери кои го играа Џемс Бонд: Тимоти Далтон (Скарлет), Даниел Крејг (Шарпов орел) и Пирс Броснан (Златното око).
  • Се појави во видеото на Моби: „Сите сме создадени од ѕвезди“.
  • Тој го смени англискиот Shaun на ирското/шкотското Sean. Двете имиња се изговараат како Шон.

Познати актери со кои соработувал[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The many deaths of Sean Bean“, UK IGN, 11 август 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]