Жан Рено

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жан Рено

Жан Рено (франц. Juan Moreno y Herrera Jiménez; Казабланка, 30 јули 1948) е француски актер со шпанско потекло.

Биографија[уреди | уреди извор]

Неговите родители бегале од режимот на Франко, се преселиле во Казабланка, каде што се родил Жан. Од Мароко се преселиле во Франција каде што Жан ја започнал својата актерска кариера.

Како талент го открил Лик Бесон кој му понудил улога во филмот „Големото сино“. Потоа следувале филмовите „Леон професионалецот“ и „Никита“. Рено соработувал осо со речиси сите великани на францускиот филм: Жерар Депардје, Кристијан Клавје, Франсис Вебер, Жан-Мари Поаре и Матје Касовиц. Три пати е номиниран за наградата Цезар во категоријата за најдобар глумец-два пати за главна машка улога во филмот „Леон профеционалецот“ и „Посетители“, а еднаш за споредна улога во филмот “Големото Сино“

Еден од ретките француски актери кој остварил голема кариера во Холивуд: „Невозможна мисија“ со Том Круз, „Годзила“ со Метју Бродерик, „Ронин“ со Роберт де Ниро, „Пинк Пантер“ со Стив Мартин и „Кодот на Да Винчи“ со Том Хенкс.

Посебно е популарен во Јапонија. Ја одбил улогата на Морфеус во филмот Матрикс, за да игра во филмот Годзила, кој многу полошо поминал кај публиката.