Чизбургер
Чизбургер (англиски: cheeseburger) — вид хамбургер што содржи сирење. Неговото име е образувано од спојувањето на англиските зборови cheese (сирење) и hamburger (хамбургер). При правење чизбургери, сирењето се пресекува и се додава на крајот од печењето. Се користат различни видови сирење, како моцарела, горгонѕола или чедар. Како и хамбургерите, тие можат да бидат гарнирани со различни состојки како марула, домат, кромид, кисели краставички, сенф, мајонез, кечап или сланина. Традиционално се продаваат во ресторани за брза храна.
Историја
[уреди | уреди извор]Додавањето сирење во хамбургерите станало популарно во доцните 1920-ти и раните 1930-ти, а постојат неколку теории за тоа кој го создал првиот чизбургер. Оваа чест обично му се припишува на Лионел Стернбергер, кој во 1926 г. на 16-годишна возраст работел како готвач во ресторанот на неговиот татко во Пасадена, Калифорнија. Според приказната, тој експериментирал така што фрлил дебело парче американско сирење врз врел хамбургер.[1][2]
Една од првите појави на чизбургер на мени во ресторан била во 1928 г. на менито на ресторан во Лос Анџелес, кој понудил чизбургер наполнет со чили за 25 центи.[3][4] И други ресторани тврдат дека подоцна го измислиле чизбургерот.
Во САД, Националниот ден на чизбургерот се празнува на 18 септември секоја година.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Piasecki, Joe (16 януари 2012). „Pasadena claims its slice of burger history“. Los Angeles Times. ISSN – 3035 0458 – 3035 Проверете ја вредноста
|issn=
(help). no-break space character во|issn=
во положба 5 (help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Harvey, Steve (27 март 1991). „Only in L.A.“. Los Angeles Times. стр. B2.
Cooking at his father's short-order joint in Pasadena in the early 1920s, [Sternberger] experimentally tossed a slice (variety unknown) on a hamburger...
- ↑ Grace, Roger M. (5 януари 2004). „Old Menus Tell the History of Hamburgers in L.A.“. Metropolitan News-Enterprise. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Spiers, Katherine (8 септември 2013). „Were Cheeseburgers Invented in Pasadena?“. KCET.
- ↑ National Cheeseburger Day
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Чизбургер“ на Ризницата ? |