Црква „Св. Никола“ - Врбен
Свети Никола | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Гостиварско |
| Парохија | Мавровска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°43′15.5″N 20°43′37.3″E / 41.720972°N 20.727028°E |
| Место | Врбен |
| Општина | Маврово и Ростуше |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Изградба | XIX век |
| Архитектонски опис | |
Свети Никола — главна селска црква во горнореканското село Врбен.[1] Црквата е сместена во крајниот западен дел од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во текот на XIX век.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во задниот дел. Изградена е од камен и е покриена со лимен кров. Влезната врата е изработена од дрво, а на ѕидот непосредно над неа е изрезбан натпис, над кој е закачена икона на Свети Никола. На сите страни од црквата има бројни квадратни прозорци и монофори. Камбанаријата се издига непосредно пред влезната врата и нејзината градба е прилепена до онаа на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Првиот е во висина на влезната врата од црквата и е отворен од сите четири страни, при што една од нив води кон внатрешноста на црквата. Вториот дел се издига во продолжение. Тој има осумаголна основа и е обоен во бела боја. Во неговиот горен дел е забележително што на секоја од осумте страни има по една затворена монофора. Камбанаријата е покриена со полукружен лимен кров над кој има крст. Дворот на црквата е ограден со камена ограда.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Страничен поглед на црквата
- Задната страна на црквата
- Влезната порта од дворот на црквата
- Натписот и иконата на Свети Никола над влезната врата
- Натписот над влезната врата
- Натпис на еден од ѕидовите
- Апсидата на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Влезната врата на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 54. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Арсоска, Е.. „Зборуваме албански, но ние сме Македонци и мајчин јазик ни е македонскиот! Архивирано на 8 декември 2015 г.“. Вечер. 27 ноември 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Врбен на Ризницата ?


