Црква „Св. Илија“ - Рамне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Илија
Црква „Св. Илија“ - Рамне 4.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Петта охридска
Местоположба
Координати 41°6′33.32″N 20°50′16.54″E / 41.1092556° СГШ; 20.8379278° ИГД / 41.1092556; 20.8379278Координати: 41°6′33.32″N 20°50′16.54″E / 41.1092556° СГШ; 20.8379278° ИГД / 41.1092556; 20.8379278
Населено место Рамне
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1907
Живопис 1944
Зограф Рафаил Крстев и Крсте Рафев
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна
Портал „МПЦ“

Свети Илија — главна селска црква во охридското село Рамне.[1]

Во рамки на црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црква се наоѓа над самото сретсело.

Историја[уреди | уреди извор]

Според натписот што е сместен над влезната врата, црквата била подигната во 1907 година.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е еднокорабна со галерија на кат и купола. Била изградена од кршен камен,[2] а вратата, прозорците и венецот од делкан бигор, како и апсидата, која е полукружна и со седум слепи ниши. Во средината на прозорецот е изделкан крст.[3]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Фрескоживописот во црквата бил изработен во 1944 година од страна на Рафаил Крстев и син му Крсте Рафев од селото Лазарополе.[2]

Други објекти[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1984-1995 година, со помош на селаните се изградени: црковна трпезарија, камбанарија и бил променет кровот на црквата.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. конс. 2019-12-11. 
  3. „СВЕТИ МЕСТА ВО ОХРИДСКО: Псалтир од село Рамне денес е реликвија во Болоња во Италија“. Denesen.mk (mk-MK). конс. 2019-12-11. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]