Црква „Св. Јован Претеча Внатрешен“ - Негуш
Свети Јован Претеча Внатрешен | |
---|---|
Μέσα Πρόδρομος | |
Поглед на црквата | |
40°37′56.85″N 22°4′7.63″E / 40.6324583° СГШ; 22.0687861° ИГД | |
Место | Негуш |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | 1715 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Негушко |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Свети Јован Претеча Внатрешен (грчки: Τιμίου Προδρόμου, Μέσα Πρόδρομος) — црква кај градот Негуш, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Храмот е сместен во градскиот центар, близу Лапевата гимназија и до црквата „Св. Мина“. Изградена е во 1715 г. според подоцна ставен натпис. Точниот датум е непознат, но внатре има голем број преносливи икони од пред 1815 г. Ова е единствената црква која опстоила во Негушкото востание од 1822 г. и во неа се криеле жените и децата. Била метох на манастираот „Св. Јован Претеча Надворешен“, во составот на Воденската митрополија. Во 1878 г. граѓани на Негуш на чело со митрополитот Прокопиј Берски насила го зазеле храмот. Сепак, црквата официјално останала во рамките на Воденската митрополија сè до 1950 година. Оттогаш, па до 1972 г. била парохиски храм, а потоа станала параклис на „Св. Мина“.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата претставува трикорабна базилика со нартекс и отворен трем на западната и јужната страна. На исток завршува со тристрана апсида украсена со слепи лакови.[3] Има големина од 12,5 × 18,0 м, а површината со некои проширувања изнесува околу 250 м2. Нартексот има облик на буквата Г и ширина од 4 м. На запад има женска црква, до која се стасува по дрвено скалиште од пронаосот. Покривот е двоводен, со ќерамиди. Ѕидаријата е напарвена од варовник и има ширина од 1 м.[2]
Внатрешност
[уреди | уреди извор]Амвонот е резбан и насликан, а владичкиот престол исто така резбан.[3] Иконостасот е дрвен.[2] Иконите на иконостасот се од различни зографи и во разни стилови. Целиот иконостас завршува со резбано распетие и четири ангели, а по страните има две икони на Пресвета Богородица и на Свети Јован Богослов. Под чесната трпеза има резбан кивор.[2] Единствената фреска во храмот е претставата на Воскресението во проскомидијата,[2] која датира од XIX век.[3] Таванот на наосот е украсен.[3] Многу од преносливите икони се од XIX век.[2][3] На левиот страничен влез на олтарот има икона на Архангел Михаил со потписот на Хаѕинотас и датумот 1906. На десниот страничен влез е иконата на Христос Добриот Пастир, дело на негушкиот зограф Христодулос Матеу од 1925 г. На јужниот ѕид има слика платно од 1853 г. со натпис ΧΓλιγόριος Ιωάννου, Προσκυνητής του Παναγίου και ζωοδόχου Τάφου.[2]
На 2 октомври 1985 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Οικονόμου, Αλέξανδρος (2001). „Το μετόχι του Τιμίου Προδρόμου στη Νάουσα (Μεγάλος Πρόδρομος“ (PDF). Νιάουστα (95–96): 24-34. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-11-28. Посетено на 27 ноември 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). „Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000“ (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας: 33. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β1/Φ36/31674/683/8-8-1985 - ΦΕΚ 596/Β/2-10-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-01. Посетено на 14 октомври 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Јован Претеча Внатрешен“ - Негуш на Ризницата ?