Црква „Св. Ѓорѓи“ - Новоселани (Прилепско)
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Ропотовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°24′06.6″N 21°25′50.8″E / 41.401833° СГШ; 21.430778° ИГД |
Место | Новоселани |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Завршено | 1837 |
Архитектонски опис |
Свети Ѓорѓи – главна и единствена селска црква во селото Новоселани.[1] Сместена е во крајниот западен дел од селото, на височина којашто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1837 година, а нејзин ктитор бил Јовче Вајгалески. Иако му било наредено да го изгради храмот со вклопувањето на пет скалика во земјата, тој истото го сторил со вклопување на три скалила, по што бил тепан и измачуван од страна на отоманските власти.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа, полукружна апсида на источната срана и полуобличест свод.[2] Кон западната страна се доградени припрата и помошен објект со правец на протегање север-југ. Влезот на припратата се наоѓа на северната страна и над просторот пред него има продожена натстрешница. Влезната врата на црквата се наоѓа на западната страна и над неа има ниша со фреска на Свети Георги. Внатрешноста на храмот е живописана. Објектот на храмот во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со шестаголна основа и се состои од два дела. Долниот дел во целост е малтерисан и варосан и на западната страна се наоѓа влезот, додека горниот дел е изграден од тули и на секоја негова страна има по една монофора.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Влезот на црквата
-
Јужната страна
-
Апсидата
-
Помошниот објект
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
-
Нишата над влезот на црквата
-
Претстава на Исус Христос
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква „Свети Георгиј“, село Новоселани“. OldPrilep. 29 септември 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Новоселани (Прилепско) на Ризницата ?