Црква „Св. Ѓорѓи“ - Новоселани (Битолско)

Координати: 41°13′22.5″N 21°23′52.1″E / 41.222917° СГШ; 21.397806° ИГД / 41.222917; 21.397806
Од Википедија — слободната енциклопедија

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Ивањевска
Местоположба

Карта

Координати 41°13′22.5″N 21°23′52.1″E / 41.222917° СГШ; 21.397806° ИГД / 41.222917; 21.397806
Место Новоселани
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Завршено 1860
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во битолското село Новоселани.[1] Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1860 година на темели од стара градба. Во текот на Првата светска војна била разрушена, по што била обновена во 1931 година. Последен пат била обновена во 1990 година.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа. Влезот е сместен на западната страна и над него има квадратна ниша со фреска на Свети Ѓорѓи. На јужната страна од црквата има три хоризонтално поставени монофори. Објектот во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има примитивен изглед и се состои од метална конструкција со квадратна основа и пирамидален лимен кров.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Новоселани Архивирано на 2 јули 2020 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]