Црвен сирак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Црвен сирак (кинески: 紅高粱家族) — новела на кинескиот писател Мо Јен од 1986 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Основниот мотив што се провлекува низ новелата е црвениот сирак, растение што се користи во исхраната и за подготовка на ракија. Ова растение во времето во кое владее мир претставува метафора на селскиот живот, за време на војната е симбол на борбата за живот, а на крајот се претвора во метафора на промената и загубата. Во романот се испреплетуваат љубовта и смртта, доведени до нивната сурова и брутална крајност.[1]

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

Ова е првата новела на Јен, којшто е дел од истоимениот циклус со кои тој се стекнал со светска слава. Според делото е снимен и филм, награден со „Златна мечка“ на филмскиот фестивал во Берлин во 1988 година. Во книгата, Јен ги комбинира историските факти и личните приказни, како и фантазијата и реалноста, создавајќи свет којшто со својата сложеност и необичност потсетува на делата на Вилијам Фокнер и на Габриел Гарсија Маркес.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 11.
  2. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 11.