Прејди на содржината

Фри Стејт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фри Стејт
Vrystaat
Foreistata
Површина 129,480 км2
Население 2.706.776
Јазици: сото (62%)
африканс (14%)
коса (9,5%)
Раси: Црнци (88,0%)
Кавкази (8,8%)
Обоени (3,1%)
Азијати (0,1%)
Главен град: Блумфонтејн
Најголем град: Блумфонтејн
Премиер: Беатрис Маршоф
(АНК)
Местоположбата на Фристејт
Местоположбата на Фристејт

Фри Стејт (англиски: Free State, „слободна држава“) — покраина во Јужноафриканската Република. Претходното име на оваа покраина било Оринџ Фристејт (Orange Free State). Седиште на Фристејт е Блумфонтејн, кој е исто така и судскиот главен град на ЈАР. На 9 јуни 1995 година, името на покраината беше сменето од Оринџ (Орање) Фристејт во Фристејт. Сегашните граници на Фристејт се од 1994, кога Бантустанците беа приклучени кон покраините на Јужна Африка.

Фристејт е сместен на рамнина, во срцето на Јужноафриканската Република. Почвата е плодна, а климата поволна, дозволувајќи солиден развој на земјоделска индустрија. Покраината е позната како "корпата за леб" на ЈАР, бидејќи постојат над 30.000 фарми кои произведуваат преку 70% од вкупното производство на пченица во земјата. Во овој дел од ЈАР се наоѓаат некои од најпродуктивните рудници за злато и дијаманти во светот.