Филмови на фашистичката пропаганда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Влезот во Cinecittà

Филмовите на фашистичката пропаганда биле еден од методите на фашистичкиот режим за пренесување на своите идеали и вредности на публиката. Истовремено се и уметнички феномен бидејќи во тој период се создале филмови со исклучителна вредност. Како филмовите од Третиот Рајх, од Советскиот Сојуз, така и италијанската филмска индустрија во фашистичкиот период имала целосна поддршка од државата, која ги користела филмовите како средство за пропаганда за фашистичка и колонијална политика.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1922 година, Мусолини доаѓа на власт во Италија. Уште за време на првите години од фашизмот, тој почнал да дава важност филмската индустрија, сметајќи ги филмовите како средство за комуникација, а во една прилика изјавил дека „се најсилното оружје на државата“.[1]

Првиот филм на фашистичката пропаганда е Il grido dell'aquila (1923) во режија на Марио Волпе и во продукција на Montalbano Film. Филмот е еден од првите фикции и е посветен на Маршот во Рим. Се објавил една година по тој настан и покрај потешкотитте при креирањето на истиот.[2] Во филмот се воздигнува фигурата на Дуче, споредувајќи ја со фигурата на Гарибалди и неговите подвизи, кои неколкупати се споменуваат во филмот. На ист начин како што фигурата на Мусолини се споредува со оваа на националниот херој, така се поврзува фигурата на змијата (претставена како од Библијата) со комунистите. Во овој филм, како и во многу други е карактеристична симболиката на елементи.[3]

Во 1924 година, по кратката криза на фашистичкиот режим, по убиството на социјалистот Џакомо Матеоти, се основа Кинематографската едукативна заедница (Unione Cinematografica Educativa), позната како Istituto Luce, за Министерствата да може вршат пропаганда преку актуелни вести и документарци.[4]

Уште во првиот член од статутот на Фондацијата Istituto Luce, се опишани неговите основни цели како: ширење на народната култура и општото образование со помош на производи од кинематографската индустрија, ставени на пазарот со минимални можни услови за продажба и дистрибуирани за продобивки на националната и патриотска пропаганда.[5]

Во 1934 година се основа Државниот потсекретеријат за печат и пропаганда (Sottosegretariato di Stato per la Stampa e la Propaganda), што во 1935 станува Министерство за печат и пропаганда, а во 1937 истото се преименува во Министерство за народна култура. Главната функција на Министерството била контрола на она што се објавува и цензура на филмови и документи кои не оделе во прилог на режимот, како и контрола во кинематографската индустрија, промовирајќи продукција на пропагандните филмови.

Други активности за развојот на фашистичката кинематографија биле инаугурацијата во 1932 на Филмскиот фестивал во Венеција (Mostra del cinema di Venezia), основањето на Генералниот директорат за кинематографија (Direzione Generale della Cinematografia) како и назначувањето на Лујџи Федри за генерален директор во 1934 година. Задачите на Дирекцијата биле: ревизија и монтажа на филмските сценарија, доделување награди на режисерите кои го поддржувале фашистичкиот режим и прегледување на странските филмови. Всушност голем дел од американските филмови биле цензурирани поради тоа што се претпоставувало дека можеле да влијаат нагативно врз италијанскиот народ против режимот. Целта на оваа цензура не било да ги забранат италијанските филмови кои не ја поддржуваат фашистичката идеологија, туку да ги модифицираат за да не ѝ противречат и да не го поттикнуваат италијанскиот народ на бунт против Владата. Воведувањето на звук во раните 1930-ти години одело во прилог за цензурирањето во филмовите, кое било во форма на синхронизација, односно правење измени во дијалозите меѓу ликовите. Кога, пак, некој филм се сметал за целосно несоодветен, веднаш се повлекувал од дистрибуција. Таков пример е филмот Lo sfregiato (Scarface, 1932) во режија на Хауард Хокс.[6]

Во 1935 се формираше Национална институција за филмска индустрија (Ente Nazionale Industrie Cinematografiche (ENIC)), за продукција и дистрибуција на филмови, која го презеде бизнисот од Анонимното друштво Стефано Питалуга (Società Anonima Stefano Pittaluga). Во 1938 Национална институција за филмска индустрија се проширува за да го регулира бројот на странски филмови во Италија, а со текот на времето станува и еднинствениот канал преку кој странските филмови можат да бидат пристапни во Италија, на тој начин сериозно го органичува изборот на американските филмови.

Во 1937 во Рим се основа студиото Cinecittà и Експериментален центар за кинографија (Centro Sperimentale di Cinematografia), најпознатото професионално филмско училиште во Италија што сè уште функционира. Денот на свеченото отворање на Cinecittà е симболично 21 април бидејќи се смета дека на тој ден бил основан градот Рим, па така се воспоставува врска со големината на италијанската кинематографија. Истата година, седиштето на Istituto Luce се преместува во областа Квадраро, а за време на церемонијата поставиле огромен сценографски апарат на кој е прикажан Мусолини, а позади камерата е напишано: „Киното е најсилното оружје“.

Податотека:Premiazione coppa del Ministero Cultura per Caravaggio 1941.jpg
Амедео Нацари награден со Купот на Министерството за народна култура (Coppa del Ministero della cultura popolare) во 1941 година од министерот Алесандро Паволини

Со раѓањето на Италијанската Социјална Република или Република ди Сало во Венеција, се основа и Cinevillaggio (познато како и Cineisola), структура која служела како замена на Cinecittà, напуштена од фашистите поради конфликтот. Се формирала есента во 1943 година по иницијатива на Министерството за народна култура и Фердинандо Мецасома. Во студијата на Cinevillaggio се снимил последниот филм на фашистичката пропаганда: Un fatto di cronaca, во режија на Пјеро Балерини, а улогите ги толкуваа Освалдо Валенти и Луиза Ферида (актери кои припаѓале на фашистичката кинематографија, потоа убиени од антифашистите, обвинети за соработка со нацифашистите).

Одлики на филмот[уреди | уреди извор]

Податотека:Vecchia guardia 1934.JPG
Сцена од филмот Vecchia guardia во режија на Алесандро Бласети ( 1934 )

Филмовите се во духот на фашистичкиот режим и ги слават неговите идеали.

Стотина од 772 филмови во Италија од 1930 до 1943 година, може да се класифицираат како фашистички со директна или индиректна пропаганда.[1]

Меѓу нив може да се споменат: Camicia nera (1933) од Џовакино Форцано, Vecchia guardia (1934) одАлесандро Блазети, Lo squadrone bianco (1936) одАугусто Џенина, Condottieri (1937) од Луис Тренкер и Luciano Serra pilota (1938) од Гофредо Алесандрини.

Заеднички одлики на фашистичките филмови:

  • ги прикажуваат позитивните промени што дошле со фашизмот и неговите идеали
  • го истакнуваат познатиот Марш кон Рим, а со тоа и подемот на фашизмот
  • ја прикажуваат големината на Италија, значењето и посветеноста кон татковината, како и историски факти поврзани со Италија, а особено периодот на националното обединување
  • ја воздигнуваат големината и супериорноста на италијанскиот народ со биографиите на најважните италијански ликови во историјата
  • ја воздигнуваат Римската империја, истакнувајќи ја улогата на фашистичкиот режим
  • даваат важност на руралниот свет
  • го воздигнуваат италијанскиот колонијализам и неговата цивилизациска мисија
  • им даваат важност на воените операции и воените дејствија извршени од различните италијански вооружени сили и од волонтерите во различните војни што ги водела фашистичка Италија ( Шпанска граѓанска војна, Војната во Етиопија, Италијанска окупација на Кралството Албанија, Втора светска војна )
  • ги оцрнуваат, демонизираат и исмеваат противниците на режимот ( САД, Велика Британија, Франција, Советскиот Сојуз )

Филмот Vecchia Guardia од 1934 година во режија на Алесандро Бласети, во кој темата е Маршот кон Рим, се сметал за манифест на фашистичките пропагандни филмови.

И покрај тие одлики, во тој период несомнено се создале филмови што со текот на времето станеле вистински класици на италијанската кинематографија. Диктатурата на Мусолини се ограничувала на контрола на однесувањето на луѓето со цел да ја поттисне опозицијата на Владата, наместо да даде простор за развивање на сопствените идеи и мислења. За разлика од Германија, Владата во Италија, била потолерантна со интелектуалците за да не го поттикнат народот да се сврти против Владата. Овој феномен несомнено имаше реперкусии врз кинематографските продукции од тоа време.

Вистинската пропаганда, всушност, биле вестите од кината, кои се прикажувале пред почетокот на проекциите, давајќи поголем опсег на филмовите и простор да се фокусираат на различни теми.[7]

Други нишки[уреди | уреди извор]

Филмовите на фашистичката пропаганда коегзистираа со други две кинематографски нишки: т.н филмови на белите телефони, чиешто име доаѓа од белите телефони присутни во некои сцени од филмовите што ја симболизирале социјалната состојба на ликовите, бидејќи во тоа време белите телефони биле многу поскапи и затоа поретки од црните. Таквите филмови се сентиментални комедии, сместени во буржуазиски амбиент и со повторливи тематики, како: опасност од прељуба или разделба на семејството (теми незамисливи за Италија во тој период). Една од најпознатите актерки во овие филмови беше Асија Норис.

Друг кинематографски жанр се т.н. калиграфски филмови (cinema calligrafista). Името се дожни на компленсноста, однсно богата палета на цитати од театарски и литературни дела или елементи од уметноста. Посебно внимание се посветувало на сценската поставеност, доведувајќи ги до совршенство кадрите и движењата на камерата. Еден од главните експоненти на овој жанр е Марио Солдати, режисер и писател, а негов најуспешен филм е Piccolo mondo antico (1941), воедно и најпознатиот филм на жанрот, во улога на Масимо Серато и Алида Вали.

Алесандро Бласети
Податотека:Carmine Gallone.jpg
Кармине Галоне

Главни режисери и филмови[уреди | уреди извор]

L'ultimo sogno е снимен во Cinevillaggio.

Филмовите Ogni giorno è domenica и Trent'anni di servizio се снимени во Cinevillaggio.

Други режисери[уреди | уреди извор]

Други италијански режисери од тој период, што генерално режирале филмови од други жанрови, исто така исто така се обидоа да експериментираат со апологетскиот тренд, а меѓу нив се:

Овие филмови се дел од т.н. Трилогија на фашистичката војна (Trilogia della guerra fascista), коишто веќе содржат елементи што го најавуваат неореализмот. Овие филмови претходат на познатата Трилогија на антифашистичката војна (Trilogia della guerra antifascista) со: Roma città aperta, Paisà и Germania anno zero , истата создадена по падот на фашистичкиот режим и по крајот на Втората светска војна.

Во 1974 година, по толку години поминати од снимањето на филмот, Камерини изјавува дека се кае што го режирал.

Филмот е ко-режиран од Карло Дузе.

Овој филм е снимен во 1943 година, но дистрибуиран во кината дури две години подоцна, по падот на фашистичкиот режим. За таа цел беше повторно разгледан и адаптиран така што главните ликови од фашисти станаа антифашисти, а антагонистите од англо-американци станаа нацисти.

Филмот е снимен во Cinevillaggio.

Првичното има на филмот било Il trionfo di Roma, но во последен момент го смениле, во истиот период кога излегол истоимениот филм во режија на Доменико Гаидо (што покрај истиот наслов и двата филма спаѓаат во истиот жанр). Тоа предизвикало полемики, па дури и режисерот и продукциската куќа на првиот филм поднеле тужба против вториот, без разлика на наклонетоста на Умберто Парадиси, актер во филмот на Лауренти Роза, кон Гаидо и продуцентот Стефано Питалуга.

Филмот е снимен во Cinevillaggio.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Il cinema del ventennio fascista: quadro storico“.
  2. Aldo Bernardini, le imprese di produzione del cinema muto italiano, Bologna, Persiani, 2015, p.336.
  3. „Su "Il grido dell'aquila" e "1860" - Esercizi di simbolizzazione nel cinema fascista: il caso Garibaldi“. Архивирано од изворникот на 2015-02-05. Посетено на 2023-04-30.
  4. Istituto Nazionale Luce, Enciclopedia del Cinema (2003)
  5. „Storia della fotografia dell'Istituto Luce“.
  6. „La censura cinematografica in epoca fascista“ (PDF).
  7. „Il cinema e la propaganda fascista“. Архивирано од изворникот на 2015-02-04. Посетено на 2023-04-30.