Прејди на содржината

Филип д' Ла Ир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филип д' ла Ир
Портрет на Филип д' ла Ир
Роден(а)18 март 1640(1640-03-18)
Париз, Франција
Починал(а)21 април 1718(1718-04-21) (возр. 78)
Париз, Франција
ЖивеалиштеФранција, Венеција
НационалностФранцуз
ПолињаМатематика
Физика
Астрономија
Архитектура
УстановиКралска академија на науки (Франција)
Француска академија на науките
Влијание одЖирар Дезарг
Оноре Фабри


Филип д' Ла Ир (или Лаир, Ла Ир или Филип дe Ла Хир ) (18 март 1640 – 21 април 1718) [1] бил француски сликар, математичар, астроном и архитект.[2] Според Бернар ле Бовие де Фонтенел, тој бил „академија сам за себе“.

Роден е во Париз, син на Лоран д' Ла Хир, истакнат уметник и Маргерит Кокен.[3] Во 1660 година, тој се преселил и живеел четири години во Венеција за да студира сликарство.[2] По неговото враќање во Париз, станал ученик на Жирар Дезарг од кого научил за геометриската перспектива[2] и бил примен како мајстор сликар на 4 август 1670 година.[1] Неговите слики понекогаш се мешаат со сликите на неговиот син Жан Никола д' Ла Ир кој бил доктор, но и сликар.[1]

Почнал да учи и наука и покажал способност за математика. Го подучувал францускиот језуитски теолог, математичар, физичар и контроверзиалист Оноре Фабри и станал дел од кругот формиран од Фабри, во кој биле вклучени Џовани Доменико Касини, Клод Франсуа Милије Дешал, Кристиан Хајгенс и неговиот брат Константијн, Готфрид Лајбниц, Рене Декарт и Марен Мерсен.[4] Станал член на Француската академија на науките во 1678 година, по смртта на Жак Буот, а потоа станал активен како астроном, и правел таблици со пресметки за движењата на Сонцето, Месечината и планетите и дизајнирал пронајдоци за насочување на воздушни телескопи.[5] Од 1679-1682 година направил неколку набљудувања и мерења на француското крајбрежје,[6] а во 1683 година помогнал во мапирањето на Франција со проширување на парискиот меридијан на север.[7] Во 1683 година Ла Ир ја презел катедрата по математика на Кралскиот колеџ. Од 1687 година предавал на Кралската академијата за архитектура.

Ла Ир пишувал за: графичките методи, 1673 година; конусните пресеци, 1685 година; трактат за епициклоидите, 1694 година; еден трактат за рулети, 1702; и, на крај, друг за конкоидите, 1708 година. Неговите дела за конусни пресеци и епициклоиди се засновале на лекциите од Дезарг, на кого му бил омилен ученик. Тој исто така го превел есејот на Мануел Москопулус за магичните квадрати и собрал многу теореми за нив кои и претходно биле познати; ова дело било објавено во 1705 година. Исто така, објавил збир на астрономски табели во 1702 година. Работата на Ла Ир се проширила и на областите описна зоологија, проучување на дишењето и физиолошка оптика.

Двајца од неговите синови биле исто така значајни по нивните научни достигнувања: Габриел-Филип д' Ла Ир, (1677-1719), математичар и Жан Никола д' ла Ир (Jean-Nicolas de La Hire) [fr] (1685–1727), ботаничар.

Монс Ла Ир, планина на Месечината, е именувана по него.

На 19 декември 1699 година, тој ги претставил „Expériences et observations sur les corps qui frottent l'un contre l'autre“ (Експерименти и набљудувања на тела што се лизгаат едни по други) во Кралската академија на науките во Париз, каде што ги претставил зависностите кои денес се попознати како Амонтонови закони за триење наречени според името на Гијом Амонтон.[8]

Избрани дела

[уреди | уреди извор]
Андромеда и Касиопеја, детал од Planisphère céleste (1705).

Освен ако не е поинаку наведено, делата на Ла Ир се на француски јазик.

  1. 1,0 1,1 1,2 "LA HIRE, Philippe de." Benezit Dictionary of Artists. Oxford Art Online (subscription required). Oxford University Press, accessed May 29, 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 Chareix 2008, p. 662.
  3. Hockey, Thomas (2009). The Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer Publishing. ISBN 978-0-387-31022-0. Посетено на August 22, 2012.
  4. Introduction to Jesuit Geometers by Joseph F. MacDonnell - Chapter 4 Influence on Other Geometers“. Архивирано од изворникот на 2021-11-30. Посетено на 2009-05-12.
  5. "Méthode pour se servir des grands verres de lunette sans tuyau pendant la nuit". In: Mém. de l'Acad., 1715
  6. „La Hire and the map of France · Philippe de la Hire, the Constant Study · Bibliothèque numérique - Observatoire de Paris“.
  7. „La Hire and the Paris meridian · Philippe de la Hire, the Constant Study · Bibliothèque numérique - Observatoire de Paris“.
  8. Hutchings, Ian M (December 2021). „A note on Guillaume Amontons and the laws of friction“. Proceedings of the Institution of Mechanical Engineers, Part J: Journal of Engineering Tribology (англиски). 235 (12): 2530–2536. doi:10.1177/13506501211039385. ISSN 1350-6501.


Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Chareix, Fabien (2008). „La Hire, Philippe de“, кн. 2, стр.662–664, во Речникот на француските филозофи од седумнаесеттиот век, уреден од Лук Фуано. Лондон: Континуум. ISBN 9780826418616ISBN 9780826418616.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Овој текст вклучува материјали од јавен домен од Историјата на математиката на Роуз