Бернар ле Бовије де Фонтенел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бернар ле Бовије де Фонтенел
Fontenelle 2.jpg
Бернар ле Бовије де Фонтенел
Роден/а 11 февруари 1657
Руан, Франција
Починат/а 9 јануари 1757
Париз, Франција
Занимање писател
Државјанство Французин

Бернар ле Бовије де Фонтенел (француски: Bernar le Bovier de Fontenelle, роден на 11 февруари 1657 во Руан - починал на 9 јануари 1757 во Париз) — француски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Бернар ле Бовије де Фонтенел е роден на 11 февруари 1657 во Руан, Франција (тогаш главен град на Нормандија) и починал во Париз само еден месец пред својот 100-ти роденден. Неговиот татко Франсоа работел во обласниот суд на Руан и потекнувал од семејство на адвокати од Алансон[1], додека неговата мајка била сестра на големите француски драмски писатели Тома Корнеј и Пјер Корнеј.

Тој посетувал језуитски колеџ во Руан во периодот од 1664 до 1672 година, но истиот го напуштил и се посветел на пишувањето песни и трагедии. Започнал со пишување на песни на латински јазик на возраст од тринаесет години и повеќе од еднаш се натпреварувал за наградите на Француската Академија, но тој никогаш не добил ништо. Своите први стихови ги објавил во списокот кои ги уредувал неговиот вујко Тома Корнеј.

Творештво[уреди | уреди извор]

Неговата прва трагедија „Aspar“ доживеала голем неуспех. Подоцна тој јавно го изгорел своето дело. Најинтензивен период од неговото творење е периодот од 1683 до 1689 година, кој бил одбележан со пишување на книжевно-филозофски и научни расправи, каде дал свој придонес околу полемиката помеѓу старите и новите писатели. Фонтанел застанал на страната на модернистите. Неговата опера „Thétis et Pélée“ од 1689 година и „Poésies pastorales“ од 1688 година исто така доживеале просечен успех.

Делото „Lettres galantes du chevalier d'Her ...“, кое било објавено анонимно во 1685 година, е збирка на писма кое го опишува општеството во тоа време. Ова дело веднаш било забележано. Во 1686 година ја објавил „Relation de l'île de Bornéo“. Фонтенел пишувсл и џс самата природа на универзумот.

Во 1687 година се преселил во Париз и во истата година ја објавил својата приказна „Histoire des oracles“, книга која направила значителна вознемиреност во теолошките и филозофските кругови. Делото се состои од два есеи, од кои првиот е направен за да докаже дека гатачките ја немале натприродната сила на демоните, а вториот дел се расправа за раѓањето на Исус. Тој останал влијателен во неговите постари години. Во 1742 година се запознал со тогаш непознатиот Жан-Жак Русо.

Како секретар на Француската академија од 1697 година, тој одржувал постојани контакти со голем број на домашни и странски научници и често ги пишувал говорите на академците. До крајот на својот живот останал активен член на учените кругови.

Дела[уреди | уреди извор]

Élements de la geometrie de l'infini, 1727

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Fontenelle biography“. http://www-groups.dcs.st-and.ac.uk/~history/Biographies/Fontenelle.html. 
  2. Harold Pagliaro, Studies on eighteenth century culture : Irrationalism in the eighteenth century, Press of Case Western Reserve University, 1972, 393 p., p. 293

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Портал „Normandy