Филип Супо
Филип Супо | |
---|---|
Роден/а | 2 август 1897 Шавил, Франција |
Починат/а | 12 март 1990 Париз, Франција |
Занимање | писател |
Државјанство | Французин |
Книжевно движење | Надреализам |
Филип Супо (француски: Philippe Soupault, роден на 2 август 1897 во Шавил - починал на 12 март 1990 во Париз) — француски писател, романописец, критичар и политички активист, приврзаник на движењето надреализам.
Биографија
[уреди | уреди извор]Филип Супо е роден на 2 август 1897 во Шавил, Франција.
Филип Супо бил активен во дадаизмот и подоцна го основал надреалистичкото движење со Андре Бретон. Супо го иницирал периодичното списание „Littérature“ заедно со авторите Андре Бретон и Луј Арагон во Париз во 1919 година, време кое за многумина го означува почетокот на надреализмот[1] . Првата негова книга, „Les Champs magnétiques“ (1920), била заедно напишана со Бретон. Во 1927 Супо, со помош на неговата сопруга Мари Луиз, го превел делото од Вилијам Блејк, „Песни на невиноста и искуството“ на француски јазик. Следната година Супо објавил монографијата од Блејк, тврдејќи дека поетот бил таков генијалец чија работа се очекувала да се распространи во надреалистичкото движење во литературата[2]. Во периодот од 1937 до 1940 година работел во Радио Тунис, кога бил уапсен од страна на режимот на Вишиевска Франција, но успеал да побегне во Алжир.
Филип Супо подоцна отпатувал за САД, каде се задржал до крајот на Втората светска војна, кога во октомври 1945 година се вратил во Париз[3]. Во 1957 година тој го напишал либретото за операта на Жермен Тајфер, „La Petite Sirène“, врз основа на приказната на Ханс Кристијан Андерсен, „Малата сирена“.
Филип Супо починал на 12 март 1990 година во Париз.
Дела
[уреди | уреди извор]- Aquarium (1917)
- Rose des vents (1919)
- Les Champs magnétiques, (1919, заедно со Бретон)
- L’Invitation au suicide (1921)
- Westwego (1922)
- Le Bon Apôtre (1923)
- Les Frères Durandeau (1924)
- Georgia (1926)
- Le Nègre (1927)
- Les Dernières Nuits de Paris (1928).
- Le Grand Homme (1929)
- Les Moribonds (1934)
- Il y a un océan (1936)
- Odes à Londres bombardée (1944)
- Le Temps des assassins (1945)
- Odes (1946)
- L’Arme secrète (1946)
- Message de l'île déserte (1947)
- Chansons (1949)
- Sans phrases (1953)
- Arc-en-ciel (1979)
- Mémoires de l’oubli (1981)
- Poèmes retrouvés (1982)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Montagu, J. (2002). The Surrealists. Revolutionaries in Art and Writing 1919–35. London: Tate Publishing
- ↑ Keith Aspley,"Blake, William", in Historical dictionary of surrealism. Lanham: Scarecrow Press, 2010. ISBN 9780810874992 (p. 71)
- ↑ Keith Aspley, "Soupault, Philippe", in Historical dictionary of surrealism. Lanham: Scarecrow Press, 2010. ISBN 9780810874992 (pp. 446–48)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Филип Супо на Ризницата ?