Прејди на содржината

Филателија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Филателистика)
Марка на Македонска пошта од 2008 г. со чешласто запчење. Мотивот се обетки со лик на лав - артефакт од IV век п.н.е. пронајден во Демир Хисар

Филателијата претставува собирање и проучување на поштенските марки и важи за едно од најпопуларните хобија во светот. Поштенската марка, како амбасадор на земјата-издавач, овозможува поглед во културата на земјата, нејзиното уметничко и историско наследство. Филателијата ги обединува луѓето со различни професии, политички убедувања и општествени класи, кои на ова хоби му се посветуваат заради задоволство, проширување на своето знаење, но и заради заработка. Лицето што се занимава со филателија (собирање, изучување, тргување) се нарекува филателист.[1]

Историја на филателијата

[уреди | уреди извор]
Првата поштенска марка во светот: „Црно пени“ од 1840 г. со ликот на кралицата Викторија.

Појавата на поштенските услуги создала проблем, кој постоел неколку децении - за тоа кој треба да ја плати поштарината помеѓу испраќачот или примачот.

Решенијата биле различни во различни земји, но доминирал обичајот примачот да плати за доставената пратка. Сепак, едно прашање останало неодговорено, а тоа бил случајот кога примачот ќе одбие да плати. Биле направени многу обиди да се најде решение што ќе гарантира дека Поштата ќе ја наплати својата такса за направената услуга. Во Франција, сопственикот на една мала пошта, Де Валајер, во 1653 година на своите муштерии им нудел мали парченца хартија на кои било испишано „потврда за платен превоз“. Сепак, дури во 1840 г. е воведена лепливата марка како потврда за однапред платена поштарина. Оваа марка се нарекува „Црно пени“ (англ. Penny Black). Британската пошта прва ја донела одлуката за печатење и за продажба на поштенски марки. А набрзо овој метод на плаќање поштарина го прифатиле и другите земји.

Со појавата на поштенските марки се создала и нова страст кон нивното собирање и проучување - филателијата.

Филателијата во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија се издаваат три вида поштенски марки: пригодни, редовни и доплатни. Пригодните се јубилејни поштенски марки и се издаваат според програма одобрена од Владата на Република Македонија. Редовните марки циркулираат во секојдневниот поштенски сообраќај и имаат различна тематика - архитектура, етнологија итн. Доплатните марки се печатат со одлука на Собранието на Македонија, а доплатата на услугата е наменета за хуманитарни цели.

Гореспоменатите поштенски марки се изработуваат во Бирото за филателија при Македонска пошта, кое годишно издава од 27.000 до 30.000 поштенски марки, на 18 различни теми.[2] Тие што имаат каталошка вредност можат да се набават на филателистичките шалтери во главните пошти во Скопје, Битола и во Струмица, како и во продавницата за филателија во Охрид. Програмата поштенски марки овозможува да се направат тематски збирки со мотиви флора, фауна, културно наследство, спорт, екологија, Европа, а најмладите имаат можност да собираат детски поштенски марки.

Во земјата постојат неколку друштва што се занимаваат со филателија:

  • Фалателистичко друштво „Картофил“
  • Клуб на колекционерите на Скопје
  • Филателистичко друштво на Македонија

Иднина на филателијата

[уреди | уреди извор]

Со сѐ поголемата популарност на е-поштата и другите форми на комуникација, се смета дека иднината на собирањето поштенски марки е тешка. Сепак, двете револуционерни алтернативи на физичката пошта - телеграфот и телефонот - се појавија во XIX век и не го означија крајот на поштенските марки на поштата. Колекционерите се заинтересирани за стари марки исто како и за нови; тие не би престанале со собирањето само затоа што не се издаваат нови марки; напротив, многу колекционери се согласуваат дека е тешко да се постигне бидејќи секоја година се издаваат преголем број на различни марки - напливот на марки се зголемува наместо да се намалува.

Странски и меѓународни организации

[уреди | уреди извор]
Марка под лупа над филателистички албум

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]