Фемто-
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Фемто (симбол f) — претставка во метричкиот систем што означува фактор од 10 −15. Истата била додадена во Меѓународниот систем на единици (SI) во 1964 година.[1] Потекнува од данскиот збор femten, што значи „петнаесет“, што има нејасно сличен правопис на ферми, кој бил претходно воведен за да означи фемтометар.
Примери:
- Вирусот ХИВ-1 има маса од околу 1 x 10 −15 g или 1 fg.
- Протонот има дијаметар од околу 1,66 фемтометри.
Фемтометарот го дели симболот (fm) со постарата единица fermi која не била дел од системот SI. Единицата „ферми“, именувана во чест на Енрико Ферми, често се среќава во нуклеарната физика.
|
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Resolution 8 of the 12th CGPM“. International Bureau of Weights and Measures. 1964. Посетено на 2020-05-14.