Прејди на содржината

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Универзитет „Св. Климент Охридски“
Логото на универзитетот Св. Климент Охридски
Виддржавен
Основан25 април 1979
Ректорпроф. д-р Игор Неделковски
Студенти13.000 [1]
МестоБитола, Република Македонија
https://uklo.edu.mk/
Карта

Универзитет „Св. Климент Охридски“ — високошколска установа во Битола, вториот универзитет во современа Македонија, основан на 25 април 1979 г.

Со основањето на универзитетот била остварена историската цел за обединување на постојните високообразовни и научно-истражувачки установи од југозападниот регион на Македонија, односно Битола, Прилеп и Охрид, како придонес за порамномерен развој на Македонија.

На 8 декември 1994, на денот на Св. Климент Охридски, универзитетот го добил своето денешно име. Универзитетот ја прославил својата 35-годишнина на 25 април 2009.[2]

Универзитетот членува во разни меѓународни образовни здруженија, вклучувајќи ги EUA и BUA, а носител е и на Повелбата Еразмус+. 

Научни полиња и области

Природни науки

-         Компјутерски и информатички науки

Техничко – технолошки науки

-         Транспортно инженерство

-         Електроенергетика, електроника, електротехника

-         Електроенергетски и комуникациски системи

-         Применето инженерство (заштита на животната и работната средина)

-         Машинство

-         Мехатроника

-         Графичко инженерство

Медицински науки и здравство

-         Сестринство

-         Нутриционизам (гастрономија)

-         Диететика

-         Здравствена грижа (акушерство, физиотерапија, радиологија, медицинска лабораторија)

-         Форензички науки

Биотехнички науки

-         Прехранбена технологија и биотехнологија

-         Преработка на анимални производи

-         Агрономија, растително производство и заштита на растенија

-         Ветерина

Општествени науки

-         Економски науки (финансии, менаџмент, банкарство, сметководтсво, ревизија, маркетинг, осигурување)

-         Образование

-         Правни науки

-         Туризам и угостителство

-         Безбедност

-         Политички науки

-         Организациски науки и управување

Хуманистички науки

-         Наука за јазикот

Наука за книжевност 

Образовни установи

[уреди | уреди извор]
Ректоратот на универзитетот.

Денес универзитетот вклучува 12 високообразовни институции (10 факултети, 1 висока школа, 1 научен институт) и 4 придружни членки:

Зградата на техничкиот факултет во Битола.

Придружни членки

[уреди | уреди извор]

Меѓународно научно списание - Хоризонти

[уреди | уреди извор]

Хоризонти е меѓународно научно списание на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, коешто се објавува во две серии според посебни групи научни подрачја: Серија А од подрачјето на општествените и хуманистичките науки и Серија Б од подрачјето на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и медицинските науки.

Научното списание Хоризонти е класифицирано во базата EBSCO.

Хоризонти е современо научно списание во кое се почитуваат принципите на научна непристрасност и издавачка принципиелност што се поттик, посебно за младите научници и истражувачи. 

Студии и наставници

[уреди | уреди извор]

Универзитетот реализира наставно-образовен процес од 50 додипломски студиски програми, 49 студиски програми за последипломски студии и 10 студиски програми за докторски студии. На високообразовните установи на универзитетот студираат повеќе од 13.000 студенти, а наставнообразовниот процес го реализираат 219 наставнички, 93 соработнички и 215 административно-технички кадар. Дејноста на научно-истражувачката дејност ја остваруваат 54 научни работници.

  1. ↑ УКЛО низ бројки
  2. ↑ Tера телевизија

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]