Турбето на Ѓул Баба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Турбето на Ѓул Баба

Октогоналното турбе на Ѓул Баба се наоѓа на Џамиската улица во Будимпешта, во близина на Маргаретскиот мост во областа на Рожадомб.

Историја[уреди | уреди извор]

Турбето беше изградено од страна на Мехмед-паша, беглербегот на Будим,[1] помеѓу 1543 и 1548 година и има ниска купола покриена со оловни и дрвени плочки.[2] Тоа остана неоштетено кога хабсбуршките војски ја заробиле областа за време на втората битка кај Будим во 1686 година, но беше претворено во римокатоличка капела од страна на Исусовците, кои го преименувале во "Капелата на Свети Јосиф".

Турбето на Ѓул Баба, Будимпешта, од страна на д-р Василиј Ал Бајати.

Турбето во 1916 година претставало најдалечното влијание на Бекташите во Австро-унгарската империја.[3] Во 1987 година, во близина на турбето унгарската влада финансира изградба на исламски центар и џамија со библиотека и музеј. Зградите беа дизајнирани од страна на д-р Василиј Ал Бајати и биле по пример на традиционалниот османлиски стил.[4]

"Дизајнот на д-р Бајати претставува голем комплекс, кој успешно ги комбинира различните стилови на отоманската архитектура (како што таа постоеше во Источна Европа) и унгарската архитектура во стилот на Лехнер. Платформата на која овој комплекс ќе стои е веќе направена. Новите згради се наоѓаат на десно и лево од турбето. Зградата на лево, или поточно, на југ од турбето, е џамија. Таа е покриена со три куполи со различни височини, такашто тие во центарот се повисоки од страничните. Поради студената клима на земјата џамијата е целосно покриена и е во правоаголна форма. Бидејќи е евидентно дека биле обоени и надворешноста и внатрешноста на зградата, предвидено е дека михработ ќе биде обложен со жолнаиски плочки и врамен со правоаголна бордура која содржи курански натпис."[5]

Панорамски поглед на областа Рожадомб


Сопственост[уреди | уреди извор]

Земјиштето подоцна беше во сопственост на Џон Вагнер, кој го одржуваше турбето и им дозволи пристап на муслиманските верници кои доаѓале од Отоманската империја. Во 1885 година, отоманската влада овласти унгарски инженер да го реставрира турбето и кога работата беше завршена во 1914 година, тоа беше прогласено за национален споменик. Турбето повторно беше реставрирано во 1960-тите години и за последен пат во 1987 година, кога исламски центар и џамија биле изградени околу него.[4] Тоа е сега во сопственост на Република Турција.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Muslim Cultural Enclaves in Hungary under Ottoman Rule, Gabor Ágoston, Acta Orientalia Academiae Scientiarum Hungaricae, T. 45, Fasc. 2/3 (1991), 197.
  2. Andrew Peterson, Hungary, Dictionary of Islamic Architecture, (London: Routledge, 1996), 112. .
  3. Geographical Distribution of the Bektashi, F. W. Hasluck, The Annual of the British School at Athens, Vol. 21, (1914/1915 - 1915/1916), 122.
  4. 4,0 4,1 Al Bayati, Basil (1988). Architect. London: Academy Editions/St. Martin's Press. стр. 228. ISBN 0-85670-925-5. 
  5. Fehervari, Geza. „Back to Budapest“, Building Design magazine, 11 мај 1990, стр. 35.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 47°30′57.45″N 19°2′5.7″E / 47.5159583° СГШ; 19.034917° ИГД / 47.5159583; 19.034917