Три бои: Црвена

Од Википедија — слободната енциклопедија

Три бои: Црвена (француски: Trois couleurs: Rouge) — полско-француски филм во режија на Кшиштоф Кишловски (Krzysztof Kieślowski) од 1994 година. Исто така, Кишловски е автор и на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјешевич (Krzystof Piesiewicz). Главните улоги ги толкуваат: Ирен Жакоб (Irene Jacob), Жан-Луј Третињан (Jean-Louis Trintignant), Фредерик Федар (Frédérique Feder) и Жан-Луј Лори (Jean-Pierre Lorit). „Три бои: Сина“ е третиот дел од трилогијата „Три бои“, која ги симболизира боите на француското знаме и паролите за слобода (сино), еднаквост (бело) и братство (црвено). Во него, низ приказната за необичниот однос меѓу стариот, циничен судија и младата студентка, Кишловски ги прикажува тешкотиите во зближувањето на луѓето и неможноста од потполно разбирање. Филмот имал номинации за „Оскар“, за „Златен глобус“, за БАФТА и за Европските филмски награди. Кишловски изјавил дека „Три бои: Црвена“ ќе биде негов последен филм, сакајќи остатокот од животот да го помине изолиран од светот, но две години по премиерата на филмот тој починал.[1] [2]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Младата и убава Валентина (ја игра Жакоб) студира во Женева и работи како манекенка и фото-модел. Заради бројните обврски и честите патувања, таа сè поретко се гледа со нејзиното момче, Англичанец. Еден ден, таа со автомобилот удира куче и додека му помога на животинчето го запознава неговиот сопственик, стариот Жозеф Керн (го игра Трентињан), поранешен судија. Неговото студено и загадочно однесување ја интригира Валентина. Керн е циничен и осамен човек чие омилено хоби му е прислушкување на телефонските разговори на соседите. По почетните несогласувања, Валентина постепено почнува да гради пријателски односи со Керн, сфаќајќи дека се сродни души. Од судијата ќе дознае дека тој некогаш бил лудо вљубен во девојка што го изневерила со друг маж, па отишла со него во Англија, но загинала во сообраќајна несреќа. Истовремено, во соседството на Валентина живее младиот студент Аугуст, чија судбина на необичен начин ќе се спои со нејзината судбина.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]