Трифко Грабеж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трифко Грабеж
Трифко Грабеж, околу 1910
Роден(а)28 јуни 1895 [с.с. 16 јуни]
Пале, Босна и Херцеговина, Австро-Унгарија
Починал(а)21 октомври 1916 (возраст 21)
Терезин, Австро-Унгарија
Причина за смрттуберкулоза
ПочивалиштеСараево
НародностБосански Србин

Трифун Грабеж – Трифко (1895-1916) бил припадник на револуционерното движење Млада Босна и учесник во атентатот на австрискиот надвојвода Франц Фердинанд.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на 28 јуни во 1895 година на Пале во Босна и Херцеговина. Потекнувал од свештеничко семејство и од најрани денови копнеел по слобода на својот народ. Гимназија учел во Сараево и Тузла. Поради ревлуционерните идеи бил исфрлен од училиштето по што се преселил во Белград каде продолжил во повисоките класови во гимназија. Уште како ученик во Тузла станал член на Млада Босна и дејствувал со цел за ослободување од австро-унгарската окупација. Тој прифатил да учествува во атентат и со Гаврило Принцип и Недељко Чабриновиќ на 4 јуни 1914 година се вратил од Србија во Сараево. Вооружен со бомба на 28 јуни 1914 година го чекал Фердинанд кај „Сараевска Вијеќница“, но не му се укажала можност да изврши атентат. Бил фатен во обид за бегство и осуден на тешка робија од 20 години. Трифко Грабеж починал на 21 август 1916 во австро-унгарскиот затворот Терезин.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Д. Љубибратић, Млада Босна и Сарајевски атентат, Сарајево 1964;