Трани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трани
општина
Città di Trani
Поглед на Трани
Поглед на Трани
Трани во рамките на покраината Барлета-Андрија-Трани
Трани во рамките на покраината Барлета-Андрија-Трани
Трани се наоѓа во Италија
Трани
Местоположба на Трани во Италија
Координати: 41°16′ СГШ 16°25′ ИГД / 
Земја Италија
Регион  Апулија
Покраина Барлета-Андрија-Трани
Поделоци Капиро
Управа
 • Градоначалник Амедео Ботаро (ДП)
Површина
 • Вкупна 102,08 км2
Надм. вис. 7 м
Население (1 јануари 2016)
 • Вкупно 56.112
 • Густина Ова е лошо заокружено5.4.968.652.037.618.0/км2
Демоним Транезијци
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр. 76125
Повик. бр. 0883
Светец-заштитник Свети Никола Поклоникот
Слава 2 јуни
Мреж. место Матична страница

Трани [ˈtraːni] — пристаништен град и општина на Јадранското Море, во регионот Апулија на југот на Италија. Градот во 2009 година станал еден од главните градови на новата покраина Барлета-Андрија-Трани. На почетокот на 2016 година во градот живееле 56,112 жители.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Трани ги загубил своите градски ѕидини и бастиони, но тврдината која датира од 13. век била значително обновена како музеј и е отворена за јавноста. Некои од улиците во и околу гето областа останале исти такви какви што биле во средновековниот период, и голем дел од куќите имаат декорации од норманска архитектура.

Главна црква е градската катедрала, посветена на Свети Никола Поклоникот, грчки поклоник кој починал во Трани во 1094 година одејќи кон поклонението во Рим, и години подоцна бил канонизиран од Папата Урбан II. Таа се наоѓа на отворено издигнато место близу морето, и била осветена, пред нејзиното завршување, во 1143 година. Тоа е базилика со три апсиди, изградена од карактеристичен бел варовник. Таа исто така има голема крипта и висока кула, која била изградена во периодот 1230-1239 од архитект чие име се појавува на амвонот во катедралата во Битонто, Никола Сасердос. Под неа се наоѓа лак, подржуван делумно од страничниот дел на црквата, и делумно од огромен столб. Лаците од романските портали се прекрасно украсени, на начин кој сугерира на арапско влијание; бронзените врати, изработени од Барисанус од Трани во 1175 година, се вбројуваат меѓу најдобрите од овој период во Јужна Италија.[1] Капителите на столбовите во криптата се одлични примери на романска архитектура. Внатрешноста на архитектурата била нашироко модернизирана, но криптата останува слична на првичната и била познато складиште на мошти, меѓу кои и телото на маченичката Св. Февронија Нисибиска.

Значајни личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. David A. Walsh, "The Iconography of the Bronze Doors of Barisanus of Trani" Gesta 21.2 (1982:91-106).


Надворешни врски[уреди | уреди извор]