Тодор Арсов
Тодор Арсов | ||
Роден | 12 септември 1919 година Штип | |
---|---|---|
Починал | 21 мај 1943 година Виница |
Тодор Арсов (12 септември 1919во Штип — 21 мај 1943 во Виница) — македонски партизан, партиски и воен раководител во НОВ.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден на 27 септември 1912 година во куќа на десната страна на река Отиња-Штип, до црквата “Свети Никола”, промената од забот на времето, а денес ревитализирана, постои и ќе постои како Завод - музеj во кој се врежани спомените на Тошо Арсов. Основно училиште завршил во родниот град, а гимназија во Врање и Заечар (1933/1934 година), каде што бил член на Литературната дружина „Јован Скерлиќ“ и станал член на СКОЈ. Како студент на Правниот факултет на Белградскиот универзитет, бил активен учесник во студентското движење и член на КПЈ (септември 1935 година), при што бил упасен и поминал три месеци под истрага во затворот Главњача (1935 година). По излегувањето бил протеран во Штип, каде што станал член на обновениот МК на КПЈ . Повторно бил уапсен (април 1937 година) и по три месеци истрага во затворот во Велес и во Централниот затвор во Скопје, бил суден во Белград, а казната ја издржал во затворот Лепоглава. Априлската војна (1941 година) го затекнала на отслужување на воениот рок во авто-единица во Охрид, а по брзиот слом на кралската војска се вратил во Штип и станал член на обновениот МК на КПЈ (јуни 1941 година). Барајќи вработување, извесно време работел како адвокатски приправник во Окружниот суд во Скопје, кон средината на 1942 година. Пред опасноста да биде провалена неговата партиска дејност, се засолнил во Ќустендил, а потоа пак се вратил во Штип (20 април 1943 година). Како истакнат организатор на НОВ, бил назначен за политички комесар на штабот на Четвртата оперативна зона на НОВ и ПОМ.
Загинал во судир со бугарската војска и полиција како политички комесар на Вториот плачковички (штипски) НОПО „Гоце Делчев“.[1][2][3] Херојот Тошо Арсов живее и денес. Живее во се она што значи слобода, еднаквост и заедништво. Градот под Исарот, градот Штип, вечно ќе го чува споменот за него. Во знак на сеќавање во Штип е откриена спомен биста и спомен плоча. Неговата куќа е ставена под заштита на Законот за културно наследство.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 46. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 30. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 86. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
Литература
[уреди | уреди извор]- Љубен Георгиевски-Љупта, Студенти револуционери, Ⅱ дел, Скопје, 1973, 7-24;
- Штип и Штипско во народноослободителната војна 1941-1945, Прилози од научниот собир одржан на 17, 18 и 19 мај 1990 во Штип, книга 1-4, Скопје, 2000-2001.