Битолски партизански одред „Гоце Делчев“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од НОПО „Гоце Делчев“)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Битолскиот Народноослободителен Партизански Одред „Гоце Делчев“ (формиран кај с. Прекопане на пл. Вичо, Костурско, 22 мај 1943 – Тиквешијата, средината на септември 1943).

Одредот бил формиран од борците на Битолско-преспанскиот НОПО „Даме Груев“ и новопристигнатите борци. При формирањето броел 56 борци, но набрзо достигнал 80 борци.[1] Заедно со Леринскиот НОПО „Вичо“ ги разоружал контрачетниците на леринско-костурското подрачје (23 мај – 1 јуни). Потоа се префрлил во Битолско (11 јуни), каде што извршил напад на италијанската караула меѓу селата ГерманБрајчино, кај с. Лавци водел борба против бугарската полиција (23 јуни), а кај селото Рајца, на пл. Баба и на Сливничка Планина (во Преспа) водел борба против италијанските карабинери (2–8 август).

По капитулацијата на Италија, кај селото Отешево разоружал група од 60 италијански војници, а кај селото Љубојно, заедно со Одредот „Даме Груев“, разоружале над 200 италијански војници. По наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ (прва половина на септември 1943), одредот се поделил на два дела – едниот дел останал во Преспа, а главнината заминала на пл. Кајмакчалан и Кожуф, вршејќи диверзии на железничката линија ЛеринВоденСолун и, по митинзите во селата во Воденско, Леринско, Мегленско и Тиквешко, влегол во состав на баталјонот „Страшо Пинџур“. Делот што останал во Преспа влегол во составот на баталјонот „Стив Наумов“.[2][3]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Владо Стрезовски, Ѓорѓи Димовски - Ласков, „7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ“, Битола, 1987, 44 стр.
  2. „Битолските народноослободителни партизански одреди“, Битола, 1982;
  3. „Македонија од устанка до слободе 1941–1945“. (Зборник радова), Београд, 1987.