Тененгебирге

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тененгебирге
Tennengebirge.JPG
Југозападен поглед
Највисока точка
ВрвРаухек
Надм. вис.2430 м
Величина
Должина15 км
Географија
МестоСеверни Варовнички Алпи, Салцбург (покраина), Австрија
ЗемјаАвстрија
Координати47°30′N 13°14′E / 47.500° СГШ; 13.233° ИГД / 47.500; 13.233Координати: 47°30′N 13°14′E / 47.500° СГШ; 13.233° ИГД / 47.500; 13.233

Тененгебирге (германски: Tennengebirge) — мал, карпест планински венец во Северните Варовнички Алпи, кој лежи по целата своја должина пред Источните Алпи.[1][2][3][4][5] Овој висок планински масив, кој е претежно варовнички, има површина од околу 60 км2 и поседува голем број на пештери. Планините се наоѓаат во покраината Салцбург, блиску до Бишофсхофен, во Австрија.

Околу 37 км2 од планинскиот масив на Тененгебирге се наоѓа на надморска височина над 2000 метри, и овој дел бил прогласен за природен резерват во 1982 година.

Топографија[уреди | уреди извор]

Контурите на планинскиот масив Тененгебирге географски се опкружени со:[6]

  • на запад се граничи со планините Хаген, кои се дел од Брехтегаденските Алпи и од кои се одделени со реката Залцах. Овде, на северниот крај од планинскиот превој Луег, се наоѓа најтесниот дел на клисурата Залцахефен, која поминува низ варовничките Алпи.
  • на север и североисток границата е реката Ламер сѐ до изворот на Рузбах, кој се спушта од превојот Гшит. Од другата страна на реката Ламер се наоѓа Остерхорн групата (планините Залцкамергут).
  • на исток, по должината на реката Ламер сѐ до Лунгетц, одвоени се од планините Дахштајн.
  • на југ се граничи со дел од Салцбуршките Шифералпен (германски: Salzburger Schieferalpen), десно од реката Залцах, долж линијата од Карбах до Санкт Мартин – Фрицбах – Залцах до Бишофсхофен.

Населби во долината[уреди | уреди извор]

Планински врвови[уреди | уреди извор]

Поглед на карстниот терен на Тененгебирге планините.

Највисоките врвови на Тененгебирге се Раухек (2430 метри надморска височина), а се наоѓа на запад, и Блајкогел, кој се наоѓа на исток и е со надморска височина од 2412 метри. Највисоките точки се наоѓаат како што се оди кон јужниот раб на планинскиот масив, а висината на врвовите се намалува одејќи кон северниот дел. Најважните врвови се:

Геологија[уреди | уреди извор]

Поглед на Тененгебирге од југозапад.

Овој планински масив се карактеризира со исклучително карстни карпи, составени главно од Дачштајн варовник, кој лежи врз основа од Рамсау доломит.

На јужните падини, долж линијата Лунгец-Верфенвенг-Верфен се наоѓа зоната на расед (Schuppenzone). Оваа зона е изградена од геолошката Верфен формација, која била формирана во периодот на Долниот Тријас, и од доломитите од периодот на Среден Тријас (Анизик и Ладиник). Оваа зона на расед се вика Верфен-Санкт-Мартин зона на расед (Werfen-St.-Martin Schuppen Zone).[7]

Пештери[уреди | уреди извор]

На Тененгебирге постојат бројни пештери:[8]

  • Најпозната пештера е Ајсризенвелт (германски: Eisriesenwelt, Свет на ледените џинови) во близина на Верфен. Таа е долга околу 42 километри и е најголемата ледена пештера во светот. Заледениот дел од пештерата е отворен за јавни посети, па затоа и спаѓа во т.н. туристички пештери.
  • Најпознатите пештери во близината на долината се пештерата Брунекер на превојот Луег, пештерата Винерфал во близина на Обершефау и пештерата Трикл во близина на Абтенау. Овие активни водни пештери, зависно од временскиот период, се или затрупани со снег или поплавени со вода.
  • Друг важен систем на пештери е системот на Платенекајс-Бергер-Бирлох пештерите, кој се наоѓа во северозападниот дел на планинскиот масив. Овој систем на пештери се дренира кон пештерата Брунекер, со пад од околу 1000 метри во висина.
  • Други важни пештери се Шнеелох пештерите на Кухелбергалм и пештерата Ајскогел, која се протега низ истоимената планина на јужниот раб од Тененгебирге.

Тененгебирге планинскиот масив е важен истражувачки регион за Државната истражувачка асоцијација за пештери во Салцбург, која е задолжена за собирање и публицирање на истражувањата од овој регион. Постојано се наоѓаат нови пештери, а во старите се откриваат нови непознати делови.

Знаењата за пештерите и нивните водотеци се особено важни во однос на идното водоснабдување на населението, како и за заштита на водните ресурси.

Планинарење[уреди | уреди извор]

Како висок планински масив, Тененгебирге изобилува со бројни патеки за алпинистичко пешачење. Пешаците сепак треба да се свесни за недостаток на вода поради карпестиот терен, како и за опасноста од загубување во магла и во други услови на намалена видливост. Алпското искуство и добрата физичка подготвеност се основни предуслови за алпинизам, иако постојат бројни планински колиби. Провалиите по работ на планините им овозможуваат на алпинистите опции за искачување. Страната на јужниот раб на масивот, посебно околу планинската куќа Верфенер и над планинската куќа на др. Хајнрих Хекел, се посебно популарни поради лесната пристапност. Во зима има разни скијачки патеки кои поминуваат низ планините, а на некои места има и екстремни скијачки патеки.

Колиби[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Käß, Werner; Behrens, Horst (1992). Tracing Technique in Geohydrology. Berlin/Stuttgart: Gebrüder Borntraeger Verlagsbuchhandlung. стр. 404. ISBN 3-443-01013-X. 
  2. Arnold, Rosemarie; Taylor, Robert (2012). Austria. Baedeker. стр. 571. ISBN 978-3-8297-6613-5. 
  3. Bernhard, Thomas (1979). Correction. Knopf. стр. 233. ISBN 978-0-3944-1141-5. 
  4. Hammond Atlas of the World, 5th ed.. Hammond World Atlas Corp. 2008. ISBN 978-0-8437-0967-4. 
  5. Mutton, Alice Florence Adelaide (1961). Central Europe: a regional and human geography. Longmans. 
  6. „Ostalpen“. www.bergalbum.de. конс. 2019-04-09. 
  7. „Geologie“. web.archive.org. 2011-07-06. конс. 2019-04-09. 
  8. Audra, Philippe (1987 г). Premières observations morphologiques et spéléologiques sur le karst haut-alpin du Tennengebirge (Salzburg, Autriche). „Karstologia“ том  9 (1): 17–26. doi:10.3406/karst.1987.2153. https://www.persee.fr/doc/karst_0751-7688_1987_num_9_1_2153. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]