Тајтус Брамбл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тајтус Брамбл
Titus Bramble
Лични податоци
Роден на 31 јули 1981(1981-07-31)(42 г.)
Роден во Ипсвич, Англија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција централен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Слободен играч Слободен играч
Младинска кариера
Ипсвич Таун
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2002 Ипсвич Таун 48 (1)
1999–2000Колчестер Јунајтед (заем) 2 (0)
2002–2007 Њукасл Јунајтед 105 (3)
2007-2010 Виган 96 (5)
2010-2013 Сандерленд 47 (1)
Репрезентација
2000-2002 Англија 21 10 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Татус Малачи Брамбл (роден 31 јули 1981 година) — англиски фудбалер, централен одбранбен играч, кој во моментов е без клуб.

Кариера[уреди | уреди извор]

Ипсвич Таун[уреди | уреди извор]

Роден во Ипсвич, Сафок, Брамбл ја започнал својата кариера во родниот град во тимот на Ипсвич Таун. Откако го направил своето деби во сезоната 1998/99, Брамбл запишал 48 лигашки настапи за клубот, а исто така и изминал период на заем во тимот на Колчестер Јунајтед. Тој постигна четири гола додека играше за Ипсвич, затресувајчи ги мрежите на Сандерленд во лигата, Милвол и Ковентри во Лига купот и Торпедо Москва во Купот на УЕФА.

Њукасл Јунајтед[уреди | уреди извор]

Брамбл му се приклучуа на Њукасл Јунајтед во јули 2002 година за сума од £ 6.000.000, ветувајќи многу во тоа време дека ќе стане незаменлива алка во тимот.

На крајот на сезоната 2003-04, читателите на фудбалскиот весник е-пошта гласале за Брамбл како најлош играч на годината во англиската Премиер лигата поради големиот број грешки и подарени голови кои тој ги направи во текот на кампањата.

Во финишот на превенството 2005-06 година Брамбл постигна спектакуларен погодок со фантастичен волеј удар против Челзи на 8 мај 2006 година за да му ја донесе победата на својот тим од 1-0 со што го прати Њукасл во Интертото купот.

На 10 август 2006 година, популарниот Тајти постигна уште еден многу важна погодок за Њукасл во Купот на УЕФА во втората квалификациска рунда кога со глава ја погоди мрежата на латвијскиот претставник Вентспилс. Во возвратниот натпревар на Сент Џејмс'с Парк, Брамбл имаше солидна партија и беше водач во добрата игра на Њукасл во одбраната за конечно 0-0, со што Страчките се пласираа понатаму.

Во декември, Брамбл завршил во болница откако се здобил со повреда на листот.

На 31 јануари 2007 година, Брамбл се врати во акција против во мечот против Астон Вила играјчќи во центарот на одбраната заедно со Стивен Тејлор. Тој покажа одлични перформанси и во следните натпревари против Фулам, Ливерпул и Мидлзборо.

По една серија на слаби резултати кој кулминираа со пораз од 2-0 на Њукасл од холандскиот АЗ Алкмар, Брамбл беше отфрлен од страна на менаџерот Глен Редер. По враќањето од повредата на Крег Мур и константната добра игра на Стивен Тејлор и на Огучи Онијеву, Редер изјавил дека Брамбл повеќе не е дел од неговите плановите со клубот.

Виган Атлетик[уреди | уреди извор]

Откако му истече договорот, Брамбл потпиша за Виган Атлетик со слободен трансфер, согласувајќи се на три-годишен договор на 4 јуни 2007 година. На 2 јануари 2008 година, Брамбл постигна еден незаборавен гол на Енфилд во нерешениот резултат 1-1 против Ливерпул - стрелајќи прецизно од 20-јарди израмнувајќи го резултатот и носејќи му бод на Виган.

Брамбл постигна уште еден израмнувачки погодок истата година во драматичен натпревар против неговиот поранешен тим Њукасл Јунајтед на Сент Џејмс'с Парк во натпревар што заврши 2:2 на 15 ноември 2008 година. По натпреварот Брамбл изразил благодарност до својот менаџер Стив Брус поради тоа што покажал верба во него, кога никој друг повеќе не го сметал за квалитетен играч. Неговите настапи во текот на сезоната 2008-09 му носат четири награди, меѓу кој и 'Играч на годината' на Виган. На 14 јули 2009 година, тој беше награден со нов договор, кој го чува во клубот до 2010 година.

Сандерленд[уреди | уреди извор]

На 23 јули 2010 година, Брамбл му се приклучи на Сандерленд за сума кој се верува дека е околу £ 1.000.000, и потпиша три-годишен договор со клубот од Stadium of Light, приклучувајќи му се на својот поранешен менаџер од Виган Стив Брус. Неговиот трансфер беше означен како "добра зделка" од страна на многу фудбалски експерти по неговиот трансфер во Сандерленд, имајќи ги предвид неговите настапи порано во сезоната 2010-11. Брамбл беше исклучен во Tyne–Wear дербито против неговиот поранешен клуб Њукасл на 31 октомври 2010 година, каде Сандерленд загуби со убедливи 5-1. Сепак, Брамбл демонстрираше фантастична игра во победата од 3-0 на Сандерленд над Челзи на Стемфорд Бриџ што беше прва нивна победа над овој противник во гости по 2001 година. Во остатокот од сезоната поради проблеми со повреди тој игра многу малку. Тој го постигна својот прв гол за Сандерленд против Стоук Сити на 18 септември 2011 година. Во продолжение од сезоната 2011-2012 со доаѓањето на клупата на Мартин О'Нил кој го смени Стив Брус Брамбл го губи своето место во почетната постава. Подоцна одново заработува повреда и го пропушта поголемиот дел од сезоната, пред да се врати за мечот од последното коло од лигата против Манчестер Јунајтед.

На почетокот од сезоната 2012-13 Брамбл воглавно е на клупата за резерви како неисористена резрва. Својот прв настап го направи на 15 септември 2012 влегувајчи од клупата на полувремето против екипата на Ливерпул како замена за Карлос Куељар. Следното коло на 22 септември 2012 тој беше стратер и ги одигра сите 90 минути нагостувањето кај Вест Хем Јунајтед во ремито 1-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]